Renault ја продава LADA за 1 рубља!

97
Фото - Lada

Војната во Украина му донесе многу проблеми на светот.

Политички превривања, притисоци, санкции, ултиматуми, економски катастрофи и кризи… Ова секако, сериозно ја погоди и автоиндустријата.

Повеќето европски компании кои имаа фабрики за производство на автомобили во Русија, ги запреа своите активности.

Меѓу нив беше и Renault, кој поседува 68% од акциите во AvtoVaz, производителот на руските автомобили LADA.

Oва секако е сериозен удар за Групацијата, која во Русија, заедно со останатите свои брендови – Renault, Nissan и Dacia имаше пазарен удел од 30%.

LADA се продава за 1 рубља

Според последните информации Renault ги продава своите 68% од компанијата на Рускиот Институт за авто истражувања NAMI, за симболична 1 рубља!

Дополнително, фабриката на Renault во Москва, која ги произведува автомобилите под лого на Renault и Nissan ќе биде ставена под контрола на локалните власти.

Според рускиот Министер за трговија, Renault по пет или шест години, ќе може да си ги откупи назад своите акции во AVTO VAZ, но по сума која е многу повисока од сегашната.

А овие активности на Руските власти се одговор на западните земји да се замрзнат имотите на Руските компании и бизнисмени.

Renault и Француската влада која има 15% од сопственоста на Renault, не ги коментираат засега овие вести