И во CEMB задоволни од првиот саемски ден

118

И во CEMB не го криеја задоволството од посетеноста и интересот на публиката на првиот ден од Саемот во Болоња.

Компанијата, во делот на гаражна опрема е специјализирана за производство и продажба на демонтерки и балансерки за гуми, како и за опрема за подесување геометрија на тркалата (центрирање).

Покрај своите најнови машини и опрема, на Саемот беше презентирана и специјалната иновативна и интегрирана дигалка, со која тркалото на кое се прават интервенции, може лесно и автоматски да се крева и спушта надолу, со што се минимизира употребата на физичка сила во процесот.