На Саемот Autopromotec во Болоња, фокусиран на авто индустријата, свој штанд имаше и софтверската компанија Tec Alliance.

За време на саемските денови, екипата на TecAlliance за посетителите и колегите од авто индустријата одржа повеќе презентации на своите производи – TecDoc (најпознатиот и најкористен каталог за резервни делови на светот), TecRMI (софтверско решение со податоци, информации и шеми од сферата на сервисирањето) и TecCom.
























