Texa слави убав јубилеј

163

Италијанската компанија за производство на опрема за сервисирање Texa, прослави убав јубилеј. Произведени се 200.000 примероци од сервисната станица за авто клими – Konfort 700.

Овие сервисни алатки кои се користат за сервисирање и полнење на клима уредите, Texa ги произведува од 2011 година.

Во моментов има околу 12 модели, кои може да бидат со 7 или со 12 инчни екрани чувствителни на допир, и кои работат со сите видови фреони – R134a, R1234yf, и R744 (CO2) како и со R444a и R456a, од кои последните два уште се нарекуваат и мешани, бидејќи работат со мешавина на неколку фреонски комбинации, а кои го менуваат антифризот со спецификација – R134a.

“Овие 200.000 произведени единици се силна потврда на нашата посветеност кон иновацијата и нашата блиска врска со апликациите во сервисните работилници. Успеси како овој, не мотивираат да продолжиме да инвестираме и во иднина ,” изјави Бруно Вианело, Претседателот на компанијата Texa.