Нова интернет платформа за учење на Textar

149

Kомпанијата TMD Friction, која ги произведува премиум деловите за сопирачки Тextar, пушти во функција нова е-платформа за учење.

Платформата Textar Virtual Academy на своите корисници им нуди – видео материјали, анимации, упатства и одговори на често поставувани прашања од светот на сопирачките.

Оваа најнова услуга, за жал не е бесплатна.

Едно месечна претплата на платформата за учење чини 149 евра, а индивидуалните модули кои треба да ги активирате чинат од 50 до 100 евра.

Вкупниот материјал кој може да се изгледа и проследи трае околу 14 часа, треба да им помогне и олесни на сервисерите во нивната работа и да им заштеди стотици евра, во вратени клиенти кои се жалат на тресења, вибрации или бучавост, како резултат на нестручно завршена работа околу промената на деловите од системот за сопирање.

Според прес информацијата, материјалот е направен да биде корисен од сите – од искусни механичари, до почетници и асистенти, а по завршената обука, корисниците добиваат печатена потврда (сертификат) за проследениот и завршен курс.