Auto Experts е специјализирана мрежа на авто експерти (сервиси, вулканизери, авто салони, рент-а-кар компании, плацеви за користени возила) кои имаат традиција на квалитетно работење и фер цени.
Сега, нашите клиенти (физички и правни лица) имаат можност лесно, брзо и онлајн да ги најдат авто експертите во нивна близина. Може да се информираат за капацитетите, специјалноста, бројот на вработени, специјалните понуди, цени и попусти кај фирмите кои се дел од нашата мрежа и со тоа да си го олеснат животот, намалат нервозите и заштедат времето и домашниот буџет.
Мрежата на Авто експерти внимателно ја селектираме и на нашите клиенти им нудиме безбедност, доверба и фер пристап.
Одржувањето и сервисирањето на возилото знае да биде тешка, стресна и скапа работа. Но од квалитетот на сервисот, директно зависи и вашата, безбедноста на вашето семејство и другите учесници во сообраќајот.
Затоа, внимателно ја избравме и организиравме мрежата на авто експерти во кои ќе добиете :
- Професионален однос
- Квалитетно сработен сервис
- Безбедност
- Фер цени
- Дополнителен попуст
- Пријателски однос
Како резултат на тоа, во нашата мрежа си поставивме цели за вашето задоволство (90%), задоволството на нашите авто експерти (90%) и подобрување на безбедноста во сообраќајот (10%).



