Американскиот бренд Hunter ja шири својата гама на системи за подесување геометрија на тркалата.
Мерниот систем на новиот систем е базиран на камера, а покрај комплетното подесување на геометријата, новиот уред нуди можност за подесување само на предната оска, каде во сервисот се направени можеби само мали интервенции и поправки на подвозјето.
Специјалните Quick-Grip клеми за фиксирање на тркалата се исклучително лесни за поставување.
Дополнително, Hunter го има и својот патентиран WinToe систем, со кој подесувањето на геометријата (центрирање) може да се прави и без заклучување (фиксирање) на воланот.

Според производителот, системот е доведен до оперативна совршеност, а целата постапка може да се заврши за само две минути.