Германската компанија Schaeffler, која во своето портфолио ги има исклучиелно популарните европски брендови INA, Luk и FAG, на Саемот во Фрнакфурт објави дека своите брендови ќе ги спои под капата на еден заеднички бренд Schaeffler.
Оваа стратегија се очекува да почне следната 2027 година, а целта е да се олесни работата на специјализираните ланци и продавници на резервни делови, како и на сервисите.
Особено се очекува да биде полесен процесот на идентификација на резервните делови.
Со процесот на ребрендирање први ќе почнат деловите од брендот FAG, а подоцнаи останатите.
Промената на името и на пакувањата нема да се случи моментно, ана почетокот нема да згаснат и имињата на посочените брендови. Во старт, имињата INA, Luk и FAG ќе останат на пакувањата, но само како поддршка на основното пакување кое ќе ги има обележјата на Schaeffler.
