А што е она што побрзо ги празни батериите?
Информациите велат дека почестото правење на целосен циклус (од целосно празни до целосно полни батерии) може значително да влијае на побрзото уништување на батериите.
Затоа производителите препорачуваат батериите да се полнат до 80% од вкупниот капацитет и да не се дозволи нивно често целосно празнење.
За да се оствари оваа цел, добар дел од новите возила на електричен погон нудат и програмирање со кое дефинирате кога сакате да ги наполните батериите.
И брзото полнење, може да предизвика проблеми, бидејќи големиот наплив на електрична енергија предизвикува пократок век на батериите..
Секако, тука е и стилот на возење. Ако возите брзо, амортизацијата на вашите батерии се засилува…
Гаранција
Ако пак, се видат гаранциите, обично производителите даваат гаранција од 3 години или 100.000 километри.
Но токму поради загриженоста на возачите голем дел на производители на електрични возила, за батеријата, даваат подолга гаранција.
Аudi, BMW, Jaguar, Nissan и Renault даваат гаранција од 8 години или 160.000 километри, а Теsla дава гаранција од 8 години со ограничување на 240.000 километри.
Тоа е повторно, една сериозно олеснителна околност за новите сопственици на возила на електричен погон.




















