Ако имате сервисна работилница или практикувате сами да си менувате моторно масло на вашето возило или моторцикл во гаража, LIQUI MOLY ви го нуди овој практичен канистер за масло.
Со димензии – 57 x 32 x 13 cm, во пластичниот канистер можете да го соберете, складирате, а потоа и да се ослободите од старото масло со капацитет од 10 литри.

Употребата е крајно едноставна. Канистерот поставете го со отворено (одвртено) капаче под штопната за масло, а откако под дејство на гравитацијата маслото ќе истече од резервоарот, затворете (завртете) го повторно капачето и можете да го транспортирате отпадното масло до местото во кое ќе го депонирате истото.

Овој канистер можете да го порачате на следниот линк.





















