Valeo оствари промет од 5,3 милијарди евра, во првиот квартал!

142
Фото - Valeo

Во комплексниот период од првиот квартал на 2025 година, во кој многу европскии светски компании се соочуваа со сериозни проблеми,Француската компанија Valeo, која е еден од најзначајните играчи во производството на електрични и други компоненти од првовградување оствари продажба (промет) од 5,3 милијарди евра!

Ваквиот резултат е послаб од истиот период во минатата година за само 1%.

Директорот (CEO) на Valeo, Kристоф Перијат, изјави дека сериозно се работи на многу полиња за дасе пресретнат и амортизираат ударите кои несомнено ќе ги нанесат тарифите на САД врз плановите на производството и дистрибуцијата, и дека во следниот период компанијата ќе се фокусира на задржување на профитабилноста, дури и ако тоа треба да значи намалување на трошоците за производство, продажба и инвестициските зафати во згради и опрема.