Volkswagen и BP, планираат поставување на околу 8.000 нови брзи полначи на струја на бензинските пумпи на BP и ARAL.
Полначите ќе бидат отворени за сите модели, но возилата од групацијата – VW, Seat/Cupra и Skoda ќе ги имаат станиците за полнење вметнати во фабричката навигација.
Секој поставен столб за полнење ќе има по два конектори со капацитет од 150 kw, а ќе имаат и сопствена бафер батерија, со сопствено напојување, поради што ќе се избегнат проблемите и трошоците од поставување на посебни, комплицирани електрични мрежи.
На почеток, полначите ќе бидат инсталирани во Германија и Велика Британија, а подоцна ќе се инсталираат и во останатите европски земји.
Цената за полнење не се споменува, иако засега во Германија, таа чини околу 70 центи за киловат час.
