За компанијата
“ГББ” дооел Скопје (идеен творец на концептот Auto Experts) е мала семејна фирма специјализирана во областа на маркетингот, која функционира на пазарот во Македонија од 2019 година.
Во својата кратка историја, ГББ има соработувано со повеќе домашни и странски компании на проекти како – изработка на креативни решенија (дизајни), изработка и водење на веб страни, водење на социјални мрежи, промотивни активности…
Во 2021 година, во соработка со неколку домашни и странски експерти удрени се темелите на одделот за консалтинг, обука и тренинг.
Истовремено, компанијата започна со реализација и на неколку проекти во сферата на автомобилизмот :
- специјализирана веб страна (www.tempo.mk)
- специјализирана мрежа на авто експерти (www.autoexperts.mk)



