Секоја сезона, илјадници пневматици, го завршуваат својот животен век и треба да заминат во отпад. Но процесирањето на старите, отпадни гуми е многу комплексна работа која има огромно влијание врз животната средина.
И сервисите и дилерите на пневматици мора од старите гуми да се ослободат на легален и законски начин, а од неодамна за процесирање на овој отпад и во нашата земја се регистрираа неколку фирми и групации, со задача да се грижат за правилно справување со отпадните гумите.
Зошто не смее старите гуми едноставно да се фрлат во контејнери, или уште полошо, во диви депонии?
Гумите имаат комплексен состав од гума, железо и текстил кои не се разградуваат. Нивниот животен век може да биде и до 2.000 години.
Затоа гумите не смее само да се фрлат како било кој друг отпад, туку тие треба да влезат во комплексен процес на рециклирање.
Зависно од состојбата во која се наоѓаат старите гуми може да се користат повторно, да се ре-тредираат (процедура во која се менува нагазната површина, машински се отстранува старата и се нанесува нова гумена површина), а може и да се рециклираат и искористат материјалите од кои се направени.
Сосема логично, имајќи го предвид големиот обем на гуми кои секоја година се фрлаат, за менаџирање на овие гуми кое е многу сложено, во цела Европа се формираат посебни, сертифицирани компании кои ја имаат задачата да ја зачуваат средината од овие сериозни загадувачи.
Со последните измени во законот за третирање на отпадните гуми, Министерството за животна средина, воведе и специјални еколошки такси, кои ги плаќаат увозниците на гуми во земјата и кои истовремено го добиваат статусот на производители на отпадни гуми.





















