Од 21 до 24 Мај, оваа година, сите патишта на големите фанови на автоиндустријата, особено од сферата на постпродажбата (сервиси, механичари, електроничари) ќе водат во Болоња, каде се одржува новата саемска презентација – Autopromotec и која се одржува по јубилеен 30-ти пат.

Праксата покажува дека, иако саемот е интернационален, главен фокус на Саемот во Болоња ќе биде ставен на домашните производители на опрема за сервисирање, опрема за промена и балансирање на пневматици, како и на индустријата на резервни делови.
Присуство и презентации се најавени од :
- AUTEL (кои ќе ги презентираат своите производи и новини во ADAS калибрацијата),
- TEXA (дијагностика и полнење на батерии за електрични и хибридни возила
- Политехничкиот факултет
А фокус ќе биде ставен и на опремата, но и комплетниот бизнис со лимарофарбарски сервиси.
Што се однесува до играчите во Италијанската индустрија, со свои штандови ќе бидат присутни :
- RAV
- CORGHI
- TECO
- OMCN
- MAGNETI MARELLI (со импресивен штанд од околу 260 м2) и многу други.





















