Време е за Autopromotec!

183

Од 21 до 24 Мај, оваа година, сите патишта на големите фанови на автоиндустријата, особено од сферата на постпродажбата (сервиси, механичари, електроничари) ќе водат во Болоња, каде се одржува новата саемска презентација – Autopromotec и која се одржува по јубилеен 30-ти пат.

Праксата покажува дека, иако саемот е интернационален, главен фокус на Саемот во Болоња ќе биде ставен на домашните производители на опрема за сервисирање, опрема за промена и балансирање на пневматици, како и на индустријата на резервни делови.

Присуство и презентации се најавени од :

  • AUTEL (кои ќе ги презентираат своите производи и новини во ADAS калибрацијата),
  • TEXA (дијагностика и полнење на батерии за електрични и хибридни возила
  • Политехничкиот факултет

А фокус ќе биде ставен и на опремата, но и комплетниот бизнис со лимарофарбарски сервиси.

Што се однесува до играчите во Италијанската индустрија, со свои штандови ќе бидат присутни :

  • RAV
  • CORGHI
  • TECO
  • OMCN
  • MAGNETI MARELLI (со импресивен штанд од околу 260 м2) и многу други.