Германскиот авто клуб – ADAC, по сериозни 160 тестирања на различни гуми, од различни производители, утврди кои гуми најмалку се абат (трошат) со што емитираат микропластични материи во воздухот.
Според направените анализи во Европската Унија се создаваат околу 500.000 тони пластични материи, кои ги создава трошењето на гумите.
Овие емитирачки материи се отровни и дел од нив преку воздухот се задржуваат и штетно влијаат на организмот на луѓето.
Од 2023 година до денес, ADAC има испитано 84 летни гуми, 60 зимски гуми и 16 all-season гуми.
Притоа се добиени следните резултати :

Според анализата, нај еко-пријателски бренд е Michelin со 52 mg/km/t по возило. Следуваат Hankook (62 mg/km/t), Continental (63 mg/km/t), и Goodyear (65 mg/km/t).





















