По успешно завршениот Саем во Болоња, Аутопромотек, дојде време за новата манифестација посветена на постпродажбата, овој пат во Бирмингем, Велика Британија, каде се одржува саемот Automechanika.

Саемот трае од 03-ти до 05-ти Јуни и на него изложуваат речиси сите најсериозни играчи од авто индустријата.
Оваа манифестација, поради визите и релативно поскапото сместување, не е толку популарно меѓу нашите, македонски експерти од авто индустријата, што секако, не беше пречка, штандовите на првите два дена да бидат преполни со посетители од целиот свет.





















