Германскиот производител на моторни масла и адитиви, LIQUI MOLY воведува ново моторно масло во својата палета кое ќе одговара на повеќе автомобили од Групацијата Stellantis.
Новото масло го носи името Top Tec 6320, има вискозносто 5w-30.
Ова масло одговара на стандардите Stellantis FPW9.55535/03, но и PSA B71 2290, PSA B71 2297 како и ACEA C3 и API SP.
Oва масло може да се користи кај бензинските EB2 мотори, и кај DV5R, DW10F и DW12R дизели произведени од 2012 година, наваму.
Како што изјави Рајнер Шонфелдер “Многу од овие возила имаат ребрест ремен потопен во маслото. Како резултат на тоа моторите се подложни на големо триење и абразија. Ова масло е наменето специфично на овие барања. За да се спречи абењето на запчестиот ремен, неопходно е да се користи соодветно моторно масло и да се почитуваат пропишаните сервисни интервали од производителот на возилата.” – додаде Шонфелдер.





















