Уште еден јубилеен Саем посветен на автомобилската индустрија, Equip Auto, ја прослави својата традиција од 50 години со убава манифестација во главниот град на Франција, Париз.

На манифестацијата која се одржа од 14ти до 18ти Октомври, 2025 година продефилираа и се претставија многу производители на резервни делови, опрема и алати за сервисирање, технологија, гаражна опрема…

Производителите одржаа многу презентации, прес конференции, состаноци и средби со своите потенцијални или долгогодишни клиенти и соработници од светот.

Сосема логично, доминираа производителите од Франција, но тука беа и неизоставните – Мagneti Marelli, Hella Gutman, Texa, Maha, PPG, Bardahl, Continental, Launch… кои дадоа се од себе на илјадниците посетители да им ги претстават своие најнови иновации, производи и технологија.


























