Зимата веќе пристигна, а со неа доаѓаат и голем број проблеми за возачите и нивните автомобили, особено ако имаат набиено повеќе километри и години.
Особено “популарен” во зимски услови е проблемот со акумулаторите.
Во студени утра, акумулаторите едноставно не можат да се пробудат, а со тоа останува нем и моторот.
Ранливоста на акумулаторите на посебно ниски температури е поради тоа што влагата и ниската температура апсорбираат поголем дел од енергијата во акумулаторот. Исто така, студениот мотор и погустото моторно масло бараат повеќе енергија.
Затоа, паметно е во студени денови пред палење на моторот да ги исклучите сите системи кои трошат енергија.
Од најголемите потрошувачи во возилото, можеме да ги споменеме вентилаторот и климата кои трошат 500 вати, околу 1000 вати може да потрошат светлата, радиото и греењето.
Во една таква ситуација, кога сите потрошувачи се вклучени алтернаторот го достигнува својот лимит и акумулаторот повеќе нема да се полни, т.е. тој ќе се испразни.
Затоа, сите потрошувачи на енергија, исклучете ги и пред да го изгаснете моторот, на тој начин ќе овозможите да се наполни акумулаторот.
А кога ни тоа нема да помогне, немате избор. Морате да купите нов акумулатор.
