Beta инвестира 1 милион евра во своите фабрики

135

Производителот на професионален рачен и пневматски алат од Италија – Beta, објави дека планира да инвестира 1 милион евра во зајакнување на своите капацитети.

Со 450.000 евра ќе биде набавена нова опрема за производство во фабриката во Кастиљоне д’Ада, а уште 680.000 евра ќе бидат инвестирани во фабриката во Совико.

Овие средства се значаен чекор напред кон нашиот план за развој. – изјави Роберто Чичери, CEO на компанијата BETA.