Continental SportContact 7 – победник на тестот на Auto Bild

146

Во последниот тест на германскиот авто магазин Auto Bild, гумата Continental SportContact 7, беше прогласена за победник со вкупна оценка од 1,2 (врвна).

Уредниците на магазинот, тестирале 7 пневматици од Европско и Азиско потекло, со димензии – VA 245/35 R 20 и HA 295/30 R 20 на возилото Lotus Emira.

Победата на гумата SportContact 7 на сува и мокра површина, докажува дека имаме лидерска позиција во спортскиот и UHP сегмент, изјави Андреас Шленке, експерт за гуми во Continental.

Уредниците на Ауто Билд за гумата изјавија – “сетот на спортски гуми на Conti постави стандарди за кочење на сува и влажна површина, и нуди голем плус во безбедноста при возењето. Стабилно, добро избалансирано однесување на суви патишта.”.

SportContact 7 доби одлични оценки за однесување на влажно, за влегување во свијоци, кочење и аквапланинг. Со должина од кочење од 43.7 метри при брзина од 100 km/h на мокар асфалт, Continental беше четири метри пред второпласиранат гума и единаесет метри пред последнопласираната. Таа победи на тестот далеку пред сите конкуренти.

На сува површина, гумите сопреа на 31.2 метри при брзина од 100 km/h.

Оваа гума е достапна во димензии од 18 до 24 инчи.