Округот Де Калб, од Соединетите Американски Држави, го потресе бизарна вест.
Според официјалниот полициски извештај, 30 годишен маж, смртно застрелал 24 годишен автомеханичар во сервисниот ланец – Tires Plus.
Убиецот бил приведен без било каков отпор, а како причина за делото, на полициските службеници им изјавил дека употребил огнено оружје бидејќи помислил дека некој се обидува да му го украде автомобилот.
Првичните наводи укажуваат на тоа дека застреланиот автомеханичар, само се обидувал да го препаркира автомобилот од сервисот – до блискиот паркинг, пред истиот да биде подигнат од страна на клиентот.
Убиецот е предаден на надлежните власти и ќе биде во притвор до конечната пресуда.
