Според последната студија на Journal Marketing Research, жените во САД најчесто ги плаќаат сервисните услуги на механичарските работилници, поскапо од мажите.
Како што се наведува во студијата, главна причина за овој тренд е што жените недоволно ги познаваат цените на пазарот, па најчесто ја прифаќаат првата цена која механичарите ќе им ја испорачаат.
Но, студијата уште го нотира и тоа дека жените, ако тоа го побараат од своите механичари , најчесто, добиваат поголеми попусти од мажите.
Еден од адитивите на LIQUI MOLY кој значително го намалува триењето и го продолжува животниот век на моторот
Кај современите мотори сè повеќе се настојува да се извлече максимална моќност на моторот, во што е можно помала работна зафатнина (кубни сантиметри). Како резултат на тоа, во моторот се создаваат сè поголеми притисоци и температури.
Во таа ситуација, настапува адитивот Motor Protect од LIQUI MOLY кој нуди одлична хемиска заштита на моторот.
Motor Protect е адитив кој на моторот му обезбедува сериозна заштита од абење (трошење). Адитивот создава многу тенок заштитен слој на сите точки во моторот кои се подложни на лизгање (а со тоа и на триење и трошење). Овој тенок заштитен слој е исклучително отпорен на висок притисок и гарантира сериозна и долгорочна (до 50.000 км) заштита на моторот.
Дополнително, Motor Protect гарантира и оптимална работа на моторот и помазно работење, како и други бенефити од намаленото абење и продолжениот сервисен интервал кај возилото.
Намаленото триење на моторните компоненти, секако, придонесува за сериозно намалување на потрошувачката на моторно масло и на гориво, поради што овој адитив се препорачува и кај оние масла кај кои се приметува невообичаена потрошувачка на масло и гориво.
Се додава на секои 50.000 км, а едно пакување на Motor Protect од 500 мл, е доволно за 5 литри моторно масло.
Одлични перформанси на интерните тестирања
На интерните тестирања во фабриката на LIQUI MOLY, адитивот Motor Protect додаден на конвенционалното моторно масло со градација SAE 5W-40 го намалува абењето за 10%, а коефициентот на триење се намалува до 20%!
Кај полусинтетичките масла, коефициентот на триење се намалил за фантастични 30%!
Ако имате сервисна работилница или практикувате сами да си менувате моторно масло на вашето возило или моторцикл во гаража, LIQUI MOLY ви го нуди овој практичен канистер за масло.
Со димензии – 57 x 32 x 13 cm, во пластичниот канистер можете да го соберете, складирате, а потоа и да се ослободите од старото масло со капацитет од 10 литри.
Употребата е крајно едноставна. Канистерот поставете го со отворено (одвртено) капаче под штопната за масло, а откако под дејство на гравитацијата маслото ќе истече од резервоарот, затворете (завртете) го повторно капачето и можете да го транспортирате отпадното масло до местото во кое ќе го депонирате истото.
Овој канистер можете да го порачате на следниот линк.
Зошто е битно да користите вистинско масло за вашето возило? Можете ли да заштедите пари на моторното масло и зошто е неопходно да го менувате?
LIQUI MOLY ги има одговорите на овие прашања.
Моторот на возилата секогаш мора да има доволно подмачкување. Заштитната обвивка од масло го намалува механичкото триење на подвижните делови и спречува директен контакт метал на метал. Без тоа, моторот би претрпел сериозни оштетувања за неколку секунди. Точното моторно масло мора да гарантира подмачкување под сите оеративни услови и оптоварувања кои може да се случат во моторот.
Маслото треба да има најниска можна вискозност во екстремни студени услови за да се овозможи непречено стартување на моторот. Маслото, исто така, треба брзо да стигне до сите важни точки во моторот кои треба да се подмачкаат. При екстремни температури, од друга страна, не смее да пукне маслената покривка во моторот, бидејќи тоа може да го уништи моторот.
Зошто е неопходно да се менува маслото?
Редовната промена на масло го продолжува животниот век на моторот и трансмисијата. По одредено време на активна работа на моторот, моторното масло станува истрошено и замастено (измешано со гареж), како резултат од разретчувањето со гориво или кондензирана вода, природно стареење на маслото или механичка абразија.
Подмачкување
Најважната задача на моторното масло е да се подмачкаат механичките делови во моторот. Задачата на маслото е да се редуцира триењето помеѓу компонентите кои се во движење, со што го сведува на минимум и трошењето (абењето) на моторот. Неопходно е да се формира затворена маслена обвивка за да се спречи оштетување на моторот како резултат на контактот метал-на-метал.
Ладење
Моторното масло придонесува за ладење на моторните компоненти. Тоа се грижи да не дојде до прегревање на моторот.
Чистење
Mоторното масло исто така има задача да го чисти моторот. Остатоците од согорување, металните струготини и гареж ги превзема маслото и транспортира до маслениот филтер.
Заптивање
Моторното масло ги поддржува заптивките, дихтунзите и семеринзите на клиповите, од комората за согорување, со што спречува да навлезат во моторот разни загадувачи.
Корозија
Моторното масло формира заштитна обвивка на металната површина. Со тоа, се намалува влијанието на воздухот , а моторот е заштитен од понекогаш агресивните производи кои настануваат како резултат на согорувањето.
Заштита на природата
Mодерните масла го лимитираат согорувањето на гориво а со тоа и нивото на издувни гасови. Дополнително, модерните моторни масла се ослободени од хлор и тешки метали и лесно може повторно да се третираат и повторно употребат.
Безбедност
Подмачкувањето на сите компоненти на моторот гарантираат добра работа на моторот, а со тоа и повисоко ниво на безбедност во сообраќајот.
Зошто е значајно да користите вистинско масло?
Секој мотор е различен, а со тоа има и различни барања за масло. Кога ќе се употреби несоодветно масло со некоректна вискозност, не може да се постигне точниот маслен притисок, а тоа може да доведе до оштетување на моторот.
Дополнителни негативни последици вклучуваат и губење на гаранцијата, зголемена потрошувачка на гориво, зголемен ризик од дефекти, пократок животен век на моторот и уништување на DPF филтерот и катализаторот.
LIQUI MOLY, од тие причини, на својата веб страна има едноставна закористење алатка која се вика – Oil Guide и која многу брзо ќе ви покаже кое моторно масло или масло за менувач, одговара за вашето возило.
Се што треба да направите е само да ги внесете податоците на вашето возило – производител, модел, година на производство и мотор.
Може ли моторното масло да Ви заштеди пари?
Кое масло да се употреби кога го менувате старото масло? Постојат огромен број на добавувачи на масло со ефтини или скапи продукти. Природно, сакате да потрошите што е можно помалку пари, што ве наведува да купите ефтино моторно масло. Ова сепак, може да ве чини многу повеќе. Причина – ефтините масла не ги задоволуваат сите спецификации на производителите на возила и имаат помали резерви на перформанси. Поради тоа, се трошат многу побрзо и мора почесто да се менуваат. Високо квалитетните масла на LIQUI MOLY, од друга страна, најчесто ги надминуваат спецификациите на производителите и го продолжуваат животниот век на моторот и времето за сервисна промена на масло.
Адитиви во маслото
Моторното масло содржи посебен индивидуално скроен пакет на адитиви зависно од сецификациите а производителот. Многу е важно да користите масло кое одговара на вашето возило, бидејќи секој мотор има различно потреби и побарувања.
HaynesPro е еден од најзначајните софтверски пакети за независните сервисери.
Во онлајн базата на HaynesPro, сервисерите може да најдат :
технички податоци за возила
цртежи, шеми и инструкции
механичарски информации
упатства за сервисирање
сервисни интервали и работни времиња за секоја операција
познати ре-колови, ре-воркови (информации добиени од експерти и од производителите на возилата за познати проблеми и грешки и како истите да се исправат
електрични шеми
калкулатор со кој брзо и лесно ќе им направите понуда на вашите клиенти
и веројатно најважното – чекор по чекор информации – што да проверит, истестирате и поправите ако ви се појави одредена грешка или пробле на возилото.
Впрочем, погледнете го видеото кое ќе ви даде насоки што се можете да очекувате и направите од годишната претплата на Haynespro.
Со овој онлајн софтверски пакет, можете да добиете приста до информации кои ги поседуваат овластените сервиси и лесно, брзо и прецизно да го вршите одржувањето и сервисирањето на возила во вашата мултибренд работилница.
Ниската цена за 12 месечно користење, е апсолутно исплатлива и коректна и немате повеќе логика да работите со пиратски софтвери, кои се сомнителни, заглавени во времето (до одредена година), и кои зафаќаат голем дел од хард дискот на вашиот лап топ.
За Македонија, Косово, Албанија и Србија, ГББ дооел е овластен партнер на HaynesPro.
GBB Group, му испорача на својот сервисен партнер, единствениот овластен Bosch Car Service во Македонија – Астра МС нов високоволтажен мултиметар на BOSCH.
Високоволниот мултиметар FSA 050 ги тестира сите електрични системи и со тоа на брз и прецизен начин овозможува отстранување на неисправностите (дефектите) во електрините и хибридни возила. Со уредот FSA 050 во вашиот сервис ќе бидете актуелни и подготвени за новите тенденции кои се насочени кон електричните автомобили.
Компактен, лесен и интуитивен, овој безжичен уред ги тестита ефективно и прецизно напонот, волтажата, отпорноста, капацитетот, изолацијата.
Со него можете да ги пренесете податоците од мерењето на лап топ за снимање или принтање.
Дополнителна спецификација и цени можете да најдете на следниот линк.
ГББ дооел како овластен дистрибутер на најдобриот и најупотребуваниот онлајн каталог за резервни делови во авто индустријата – Tec Doc, ја стартува продажбата со промоција.
Првите 10 клиенти ќе може да ја набават 12 месечната претплата на Tec Doc со попуст од 10%.
Фрлете ги пиратските цд-иња на Tec Doc, кои се некомплетни и неактуелни, и со кои ги полните вашите хард дискови и набавете ја новата – 12 месечна претплата за онлајн решението на Tec Doc.
Со него добивате корисничко име и лозинка со кои можете директно да се логирате на страната на Tec Doc и лесно, брзо и прецизно да ги лоцирате оригиналните каталошки броеви на резервните делови.
Во последното истражување на двете реномирани компаниии TÜV Nord и Carly, во кое биле скенирани околу 6,6 милиони автомобили во 9 држави, било утврдено...
Германската компанија Schaeffler, која во своето портфолио ги има исклучиелно популарните европски брендови INA, Luk и FAG, на Саемот во Фрнакфурт објави дека своите...
Бројот на увезени кинески автомобили на европскиот пазар континуирано расте.Како одговор на тоа и големите производитли на резервни делови, како што е Mann-Filter го...
Германската компанија, производител на врвните моторни масла и адитиви, LIQUI MOLY, објави дека започнува сериозна борба против можното фалсификување на нивните продукти.Затоа, на капачето...
Според последната анализа на Car-Garantie, просечната цена на чинење на еден сервис во Германија чини рекордни 764 евра!Слична констатација имаше и Германската Асоцијација за Осигурувањето,...