Во последното истражување на двете реномирани компаниии TÜV Nord и Carly, во кое биле скенирани околу 6,6 милиони автомобили во 9 држави, било утврдено дека кај секое десетто возило има несовпаѓање во податоците за поминатите километри и бројките во одометарот на возилото.
Интересно, во Германија, просекот на несовпаѓање е и повисок од просечниот во Европа, односно изнесува 11,5 проценти.
Во вкупната бројка на автомобили опфатени со ова истражување, главно се земани предвид возила со година на производство од 2000 наваму.
Манипулацијата со изминатите километри, најчесто се смета за криминална постапка, форма на измама, со која продавачите сакаат да прикажат подобра кондиција на возилото што го продаваат од онаа што реално е.
Ако секое десето возило во Европа вози со “наштимани” километри, каков ли податок ќе добиеме ако истото истражување го направиме кај нас?
Германската компанија Schaeffler, која во своето портфолио ги има исклучиелно популарните европски брендови INA, Luk и FAG, на Саемот во Фрнакфурт објави дека своите брендови ќе ги спои под капата на еден заеднички бренд Schaeffler.
Оваа стратегија се очекува да почне следната 2027 година, а целта е да се олесни работата на специјализираните ланци и продавници на резервни делови, како и на сервисите.
Особено се очекува да биде полесен процесот на идентификација на резервните делови.
Со процесот на ребрендирање први ќе почнат деловите од брендот FAG, а подоцнаи останатите.
Промената на името и на пакувањата нема да се случи моментно, ана почетокот нема да згаснат и имињата на посочените брендови. Во старт, имињата INA, Luk и FAG ќе останат на пакувањата, но само како поддршка на основното пакување кое ќе ги има обележјата на Schaeffler.
Бројот на увезени кинески автомобили на европскиот пазар континуирано расте.
Како одговор на тоа и големите производитли на резервни делови, како што е Mann-Filter го шират своето портфолио на филтри и додаваат артикли кои ги покриваат Кинеските производители.
Брендот Mann+Hummel го прошири своето портфолио со 133 модели на возила од повеќе од 20 Кинески производители на автомобили. Понудата се состои од филтри за воздух, масло и кабински полен филтри.
Германската компанија, производител на врвните моторни масла и адитиви, LIQUI MOLY, објави дека започнува сериозна борба против можното фалсификување на нивните продукти.
Затоа, на капачето од секоја канта (канистер) од моторните масла на LIQUI MOLY се вметнати посебни и уникатни QR кодови, кои од овој Мај имаат оптимизирана форма, се со зелена рамка и не можат да бидат копирани од страна на фалсификаторите.
Секој код, нуди можност, соодветниот произод да биде проверен и да му се утврди потеклото, врз база на уникатниот сериски број.
Со скенирање на овој код, клиентите веднаш може да се уверат дека производот е оригинален, а се добиваат и дополнителни информации за производот и начинот на употреба.
Доколку при скенирањето се утврди било каква неконзистентност, кодот ве префрла во посебна апликација, на која треба да го скенирате уште еднаш и да добиете инфоирмација дали е продуктот оригинален или фалсификуван.
Откако ќе се утврди дека производот е фалсификуван, се отвара контакт форма, преку која клиентите може да го пријават неоригиналниот производ, што понатаму ќе предизвика правни чекори од страна на LIQUI MOLY.
Како што изјави маркетинг директорот на LIQUI MOLY, “-Kвалитетот на моторните масла на LIQUI MOLY ги прави цел која е популарна на бројни фалсификатори во светот. Фалсификуваните производи може да предизвикаат финансиски последици, да ја поткопаат довербата на нашите клиенти, а во некои случаи може да водат и до сериозни моторни оштетувања, некаде дури и до последици и ризик по здравјето на клиентите.”
Секако, сие оние кои сакаат своето масло да го освежат со ново премиум масло, адитиви или сервисни препарати на LIQUI MOLY, најдобар начин за заштита од фалсификувани производи останува класичниот : да купуваат од овластениот увозник и дистрибутер на LIQUI MOLY за Македонија – Ликви Моли Македонија, како и од овластената мрежа на партнери во земјата, закоја може да се информирате на следниот линк.
Според последната анализа на Car-Garantie, просечната цена на чинење на еден сервис во Германија чини рекордни 764 евра!
Слична констатација имаше и Германската Асоцијација за Осигурувањето, која утврди дека цената на резервните делови и работната рака се во сериозен раст.
Истиот трошок во 2025 година (764 евра) само една година претходно изнесувал 718 евра.
Во својата анализа Car-Garantie зема предвид околу 1 милион нови и користени автомобили, преку кои доаѓа до релевантниот податок за просечната цена на сервисирање.
Истражувањето исто така прецизира и дека причина за ова покачување, не е само економската криза и порастот на цените на резервните делови, туку и се’ пософистицираните системи, кај кои поправките се комплексни и скапи.
24.2 проценти од пријавените дефекти се однесуваат на моторот и моторните компоненти, 17.2 проценти отпаѓаат на системот за гориво, а електричните системи опфаќаат 13.6% од пријавените дефекти.
Kaко резултат на ова, една анкета покажува дека околу 60% од клиентите одат на сервис многу поретко од предвиденото, а тоа ги намалува приходите на сервисите, а ја намалува и лојалноста на клиентите кон одредени сервиси, особено овластените.
Групацијата Stellantis објави дека повикува околу 800.000 возила од палетата на Alfa Romeo, Citroën, DS, Fiat, Lancia, Opel, и Peugeot, да се јават на задолжителна проверка и сервис (recall) во овластената сервисна мрежа на засегнатите брендови.
Како причина за ова сервисно повикување, се наведува дека кај одредени возила со благ хибриден погон, (MHEV) утврден е можен дефект кој може да предизвика краток спој и пожар кај возилата опфатени со оваа мерка.
Според објаснувањето, возилата може да се склопени со “контакт или намален клиренс помеѓу цевката на филтерот за честички кај бензинскиот модел и покривката на терминалот на 48 волтниот стартер генератор придвижуван од ремен.
Во влажни услови, овој недоволен клиренс (растојание) и потенцијалниот контакт помеѓу овие компоненти може да и овозможи на водата да навлезе и да предизвика краток спој, кој пак може да резултира со прегревање и на крајот и опасност од пожар.
Во соопштението се вели дека најзагрозени на листата се моделите Peugeot 208 и 2008 произведени во периодот од 07.06.2023 до 21.01.2026.
Кликнете ПЛЕЈ на видеото и погледнете го освртот на новиот софтвер на Теc Alliance, наменет за независни сервисери, во кој можете да најдете многу информации, податоци, шеми, графици, упатства за сервисирање.
Овој софтверски пакет во Македонија, го нуди фирмата Ауто Тренд од Скопје.
Цената за годишната претплата изнесува 350 евра + ддв (во денарска противвредност).
Tec Alliance, креаторот на најдобриот софтвер за идентификување на резервни делови за возила – TecDoc Catalogue, на своите клиенти, сервисери им нуди уште една перфектно дизајнирана софтверска алатка.
Специјален пакет за сервиси со Проверени сервисни поправки
Новиот Специјален сервисен пакет ги содржи TEC RMI Garage Pro пакетот на Tec Alliance што во себе содржи огромен број на технички информации, цртежи, шеми, инструкции за одржување и сервисирање на најголемиот број на марки и модели на возила на европскиот и светски пазар.
Овој софтверски пакет сега е надополнет и со Проверените информации за сервисни поправки
Што содржи Сервисниот пакет?
Со годишна претплата, од промотивни 350 евра + ддв, на новиот Tec Alliance Сервисен пакет, добивате пристап до TecDoc Catalogue – за идентификување на резервни делови за возила (кој чини 160 евра) + Сервисен Пакет Garage Pro кој чини 350 евра) и Verified Repairer Data (206 eвра).
Сето тоа, сега го имате во специјален пакет за цена од 470 евра + ддв.
повеќејазична верзија
На почетокот, како и во текот на користењето, можете вашиот каталог да го сетапирате на повеќе јазици, меѓу кои може да се најдат и најчесто се користат на нашиот пазар – англискиот, српски или хрватски јазик…
официјално онлајн решение
За разлика од пиратските верзии на слични софтвери кои циркулираат на пазарот, со ова решение, потребен ви е само интернет, па со едноставно логирање со корисничко име и лозинка (password), во секој момент и од секој уред можете да се логирате на официјалното онлајн решение на TecDoc Garage.
Со ова, прво се надминува проблемот и веќе не мора да инсталирате пиратски софтвери на вашиот хард диск со кои ќе ја оптоварите меморијата на вашиот компјутер.
Второ, кaj пиратските инсталации, реална е опасноста да го инфицирате вашиот компјутер со разни вируси и проблематични тракери.
И трето, добивате онлајн решение кое континуирано се обновува и апдејтира со најнови информации.
годишна претплата
Право на користењето на софтверот можете да го добиете со едноставна 12 месечна претплата во Ауто Тренд, по исклучително поволна цена од само 470 евра плус ддв (цената е актуелна во моментот на изготување на написот).
повеќе информации
За повеќе инормации и порачки, можете да се обратите во Ауто Тренд, официјален TecAlliance Партнер за Македонија, на овој линк, како и на тел. 070 35 88 06
На два дена пред официјалната четврта LIQUI MOLY Партнерска Средба во Македонија, тимот на Maтадор 2002, овластен дилер на производите од германскиот бренд за територијата на градот Прилеп, организираше специјална тренинг презентација за своите партнери.
На тренингот, кој се одржа во салата за состаноци на хотелот Кристал Палас на 9ти февруари, присуствуваа околу 40 истакнати сервисери, соработници и клиенти на Матадор.
Присутните со задоволство ја проследија презентацијата и краткиот тренинг на тема – адитиви, нови производи и машини и опрема, која ја водеше г-дин Дитмар Шмит, истакнат техничар со долгогодишно искуство во работата во LIQUI MOLY.
По кратката презентација, на сопственикот и директор на Матадор, Игор Стеванов, од страна на експорт менаџерот на LIQUI MOLY за земјите од поранешна Југославија и Албанија, му беше врачена и специјална Благодарница за врвни резултати во 2025 година.
Матадор 2002, уште еднаш, четврта година по ред беше прогласен за Најуспешен Партнер на LIQUI MOLY во Македонија.
По настанот, за присутните гости и клиенти, беше организиран и свечен коктел и беа доделени мал пакет на производи како подарок од палетата на LIQUI MOLY.
На настанот присуствуваше и сопственикот на фирмата Униројал од Прилеп, Миле Николоски, заедно со целиот свој тим на соработници кои се исто така, дел од дилерско сервисната мрежа на LIQUI MOLY во градот и кои за 2025 година ја добија титулата Најуспешен LIQUI MOLY Сервис во Македонија.
Сите присутни јавно го искажуваа задоволството од организираниот настан и не ја криеја желбата оваа средба да се претвори во традиција.
Убавата средба, во Балкански дух заврши во ексклузивен ресторан во центарот на градот, каде гостите од Германија и Скопје, можеа да уживаат во кулинарско ремек дело, одлично вино и незаборавна дружба со членовите на тимот LIQUI MOLY од Прилеп.
Тимот на LIQUI MOLY веднаш по четвртата партнерска средба, ја инсталираше и пушти во функција новата машина за чистење и автоматско менување на масло во автоматски менувачи ATF во сервисот Дини Блу од Гостивар.
Maшината Gear Tronic III e комплетно автоматизирана, а постапката е лесна и едноставна и бара елементарни познавања од областа на машинството.
Сите операции се објаснети прецизно во упатствата, шемите и графиконите кои се онлајн и дел од отворениот софтвер на LIQUI MOLY за кој клиентите не треба да плаќаат никакви годишни доплати и хонорари.
Во инсталацијата и кратката обука асистираше и соработникот на LIQUI MOLY Македонија, Влатко Станковски, сопственик и менаџер на ASTRA MS – Bosch Car Service од Скопје.
Во последното истражување на двете реномирани компаниии TÜV Nord и Carly, во кое биле скенирани околу 6,6 милиони автомобили во 9 држави, било утврдено...
Германската компанија Schaeffler, која во своето портфолио ги има исклучиелно популарните европски брендови INA, Luk и FAG, на Саемот во Фрнакфурт објави дека своите...
Бројот на увезени кинески автомобили на европскиот пазар континуирано расте.Како одговор на тоа и големите производитли на резервни делови, како што е Mann-Filter го...
Германската компанија, производител на врвните моторни масла и адитиви, LIQUI MOLY, објави дека започнува сериозна борба против можното фалсификување на нивните продукти.Затоа, на капачето...
Според последната анализа на Car-Garantie, просечната цена на чинење на еден сервис во Германија чини рекордни 764 евра!Слична констатација имаше и Германската Асоцијација за Осигурувањето,...