Генералниот директор (CEO) на автомобилскиот гигант Continental, Nikolai Setzer, во своето излагање ги подготви своите сопственици, акционери и клиенти на тешката 2022 година која е пред нив.
Како што изјави Сецер, кризата и војната во Украина донесоа нови, непредвидени проблеми за авто индустријата и за неговата компанија воопшто.
Покачени се цените на транспортот и логистиката, особено на оние компоненти кои доаѓаат од Азија која неодамна воведе нови рестрикции и карантини. А голем е удделот и на Рускиот прирооден гас во енергетскиот микс на компанијата.
Да не заборавиме и дека контролорите пронајдоа докази дека и Continental учествувал во аферата Дизелгејт, во која во автомобилите на VW Group, биле вградувани системи кои го лажираа резултатите од реалната емисија на штетни гасови. А тоа веројатно ќе резултира со сериозни финансиски пенали кои ќе мора да бидат издвоени, резервирани и платени.
Комбинацијата на овие неповолни фактори, сигурно ќе влијае на трошоците на производство, што веројатно делумно или целосно ќе се пренесе и на цените на производите кои ги плаќаат клиентите (производители на возила, дистрибутери, дилери…
Во вакви услови, сепак продолжува стратегијата преку која трите автомобилски сектори на Continental – Automotive, Tires и ContiTech треба да се консолидираат под еден кров.
Последните статистички податоци сведочат дека квалитетот на новите автомобили во последната декада е во слободен пад.
Студијата работена за пазарот на автомобили во САД покажува дека во последните 10 години (2011-2021 година), производителите отповикале вкупно 331 милион возила.
Слична е состојбата и во Европа. Ако се земе како репер Германскиот пазар, ако во 2011 година биле отповикани 563.000 возила во 2021 година оваа бројка е зголемена на повеќе од 3 милиони возила (6 пати повеќе), кои морале од најразлични причини да се јават во сервис.
Кои се причините за драстичниот пад на квалитетот?
Според професорот Стефан Брецел, од CAM, еден од најпознатите експерти во индустријата, причината за падот на квалитетот се должи на повеќе фактори :
► Во изминатите 20 години енормно е зголемена техничката комплексност. Својствата за комодитет при возењето и безбедносните системи водат до поголема опасност од дефекти.
► Циклусите на развој на продуктите значајно се намалени во последните 15 години. Силната конкуренција ги тера производителите на возила да лансираат нови модели и погони во се пократко време.
► Развојот и производството се префрлаат на глобалните добавувачи, што ги спречува производителите на возила детално да го контролираат квалитетот на своите процеси и продукти.
► Засилен притисок на трошоците, кој потоа се пренесува на глобалните добавувачи на делови, што пак може директно да влијае на квалитетот на производите и материјалите од кои се тие произведени.
► За да ги скратат трошоците и забрзаат времето за развој, производителите мора да ги користат заедничките делови или модуларни стратегии. Како резултат на тоа, ако подоцна се открие дефект во некој модуларен систем, тоа автоматски значи повлекување на милиони возила во сервис.
Според официјалната информација до медиумите, ова лето, во автомобилите на германскиот премиум бренд AUDI стартува проектот – очила за виртуална реалност на задните седишта.
Во дел од гамата, како што се A4, A6, A8, Q5… патниците на задното седиште ќе добијат и очила за виртуелна реалност, чија цел е целосно да ја убијат монотонијата при патувањата. Видео игри, серии, филмови… се само дел од содржините кои ќе може да се следат преку мултимедијалниот систем.
Очилата, поврзани со медискиот систем во возилата на Audi, се засновани на технологијата Holoride, која ќе биде интерактивно врзана со движењето на автомобилот, што дополнително ќе го засили уживањето на патниците.
Така на пример, ако патникот, преку очилата игра некоја видео игра, на пример, управува со вселенски брод… како што забрзува автомобилот, ќе забрзува и вселенскиот брод што го управува.
Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот.
Гуми кои нема да се дупнуваат од клинец, и кои нема нерамномерно да ја абат површината, а како резултат на тоа – да се фрлаат и менуваат со нови.
Ова и не е некоја нова приказна.
За идејата да се направат безвоздушни пневматици се зборува подолг временски период. Се вршат најразлични тестирања, а влезот во авто индустријата секоја година се одложува.
Информациите велат дека овој процес досега беше кочен, поради недоволно добрите возни перформанси кои овие гуми без воздух ги испорачувале, особено на повисок брзини.
Посериозно, започна на нивниот развој да работи Michelin кој во соработка со General Motors, ги тестираше во Америка кај моделите на електричен погон.
Michelin на вистинскиот пат
Но… се чини дека овој Француски бренд е најблиску да започне со сериско производство на овие гуми (пневматици).
На саемот во Минхен оваа година, Michelin им го даде своето тест возило опремено со безводушните гуми на двајца јутјубери – Mr. JWW и Gercollector, кои по возењето имаа само позитивни критики (што можете и да го видите во видеото погоре).
Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку интересни заклучоци :
72% oд украдените автомобили, никогаш не се враќаат кај сопствениците,
85% од кражбите на автомобили се случуваат ноќе, а 39% од кражбите се случиле пред домот на сопствениците на автомобилите,
44% од кражбите се случиле како резултат на отворање отклучени врати,
36% од кражбите се направени преку манипулација на сигналот за далечинско отклучување,
37% од украдените возила се постари од една а помлади од 5 години.
Најчести методи на кражби на возилата
Податоците уште велат дека најчест метод на кражба на модерните автомобили е со т.н. релејен напад (напад со електронскиот прекинувач).
Како се спроведува тој релејен напад?
За овој тип на кражба, најчесто се потребни двајца извршители. Едниот од разбојниците стои пред вратата на автомобилот со посебен уред кој го засилува безбедносниот сигнал кој го емитува автомобилот.
Другиот разбојник, се приближува до домот на сопственикот. Тој има уште една направа која се спарува со клучот на сопственикот (оставен на некоја локација во домот). Веднаш по спарувањето на направата со клучот, се праќа лажен сигнал до автомобилот, по што вториот разбојник, ја отвара вратата и го стартува моторот.
Фото – Unspash
Токму затоа, според статистичките податоци, најголем е бројот на автомобили кои се крадат пред домот на нивните сопственици и кои во суштина вршат компромитирање на електронските системи на автомобилите.
Да биде трагедијата уште поголема, најголемиот број од уредите кои се користат при кражби, може да се најдат и набават и онлајн.
Како да се заштитите од кражба?
Идеална и 100%-на заштита од кражби не постои.
Но секако, постојат одредени совети, со кои ќе го намалите ризикот од тоа, токму вашиот автомобил да биде дел од ова модерно разбојништво, кај кое автомобилите најчесто завршуваат во странство или во локални сервисни работилници во кои се растураат за резервни делови.
Ќе ви посочиме само неколку :
Возилото паркирајте го на добро осветлено место
Имајќи предвид дека најголемиот број кражби се случуваат со релејниот напад, ако е тоа можно, исклучете го системот за влегување во автомобилот без клуч. Ако не можете да го исклучите, проверете дали на вашиот автомобил можеби му треба софтверски апдејт со кој ваа функција станува достапна.
Чувајте го дома клучот во кутија обложена со метална фолија (што ќе ги спречи сигналните манипулации).
Прилагодете го вашиот алармен систем на возилото да може да прифаќа само два клуча.
Искористете некој од механичките уреди за заклучување на менувачот или на воланот (управувачкото тркало).
Помалку софистицирани методи
Не заборавајте…
Постојат и многу други, помалку софистицирани методи со кои криминалците може да ви го украдат автомобилот.
Може да ви го украдат клучот, поради што треба да бидете особено внимателни каде го чувате и оставате клучот.
Исто така, чести се кражбите и на места на кои има голема фреквенција на луѓе. па сметате дека безбедноста и присуството на камери би ги застрашило криминалците.
Затоа при застанување на бензински пумпи, ресторани, големи паркинзи, трафики, сендвичари или продавници.. секогаш заклучете го вашето возило кога излегувате од него, дури и кога е тоа “за секунда”.
Многу се чести директните напади на сопствениците (кога се паркирате или влегувате во автомобилот). Може да ви се заканат со физички напад или со ладно па и огнено оружје… Ова најчесто е планирана акција, во која сте пикирани и разбојниците ќе ве почекаат да се вратите за да ве нападнат. Затоа експертите препорачуваат ако живеете во зграда и немате сопствена гаража, да се паркирате на различни места.
Фото – Unsplash
А во последно време се почести се и ситуациите кога вашата желба да помогнете (расипан автомобил на патот со крената хауба, на чиј сопственик сакате да му помогнете може многу да ве чини). Во вакви ситуации, фокусирани на обидот да му помогнете на возачот во неволја, најчесто нема да го забележите неговиот соработник во криминалот кој ќе упадне во вашиот отворен автомобил со клуч во бравата ситуација идеална за кражба на автомобилот или на вредните работи во него (паричник, торба, лап топ, документи…)
Разбојниците користат и други методи, како што се – свирење и светкање со фаровите за да ве убедат да запрете на патот, што најверојатно ќе го направите затоа што мислите дека нешто не е во ред со вашето возило или некому му е потребна помош…
Неодамна се прошири и урбана легенда, според која разбојници во големите паркинзи на големите трговски центри, на своите избрани жртви на предниот бришач им оставаат банкнота од 50 евра.
Сопствениците влегуваат во автомобилот и кога ќе седнат и стават клучот во позиција за стартување на моторот ја забележуваат банкнотата. Кога ќе излезат да ја земат, оставајќи ја отворена вратата на автомобилот со клучот внатре, влетуваат криминалците кои потоа заминуваат во непознат правец со автомобилот.
Поинакви методи за заштита
Ако е возилото што го поседувате ново, нашиот совет е да го осигурате каско, со полиса што вклучува и надомест на штетата во случај на кражба.
Не го гледајте тоа како трошок… Замислете само колкав ќе биде вашиот трошок ако купите ново возило, кое едно утро, нема да го најдете онаму каде што сте го паркирале.
Ќе дојде моментот, кога и на нашиот пазар ќе се појават компании кои за поскромни месечни надоместоци ќе ви понудат – уред со предупредувачки сигнали и GPS следење на возилото, кое повторно, не е идеална заштита, но е дел од мерките со кои се намалува ризикот.
Оваа услуга, која засега главно ја користат компаниите, веројатно ќе стане дел од услугата која ќе ја калкулираат и нудат во пакет (затоа што е во нивни интерес) и лизинг компаниите, па и осигурителните компании (како дел од каско полисите за осигурување).
На крајот, уште еднаш ќе повториме дека не постои идеална заштита од кражба.
Но, топло ви препорачуваме да превземете дел од наведените мерки на превенција. Со нив ќе го намалите ризикот од кражба, штета, загубени пари, екстремно стресни ситуации…
На крајот на краиштата, нема ништо лошо во тоа да бидете за нијанса повеќе свесни и внимателни… Нели?
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент.
Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот кој создава автомобили за народот – Volkswagen , сеуште ја испишува својата историја.
Од официјалното лансирање во 1974 година до денес, VW Golf се продаде во повеќе од 35 милиони примероци.
Бројка, доволна да му ја донесе на Golf третата позиција на најпродавано возило во светски рамки (прва е Јапонската Corolla – со 47,5 милиони примероци, а втор Американскиот Ford F-Series со 40-на милиони продадени примероци).
Во целата приказна за успехот на моделот, значајно е влијанието и на специјалниот “спортски” Golf GTI.
Моќен, автентичен, култен…
Посакуван од сите, продаван на сите…
А она што го сака Европа, го сакаат и нашите возачи… па спортскиот Golf GTI го имаа и возеа и голем број среќници во Македонија.
А како, низ годините растеше и прогресираше GTI можете да видите во оваа статија.
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон.
Тој веќе изгради мултимилионска империја, концентрирана на и околу конструирањето на електрични автомобили и на себе го сврте вниманието и парите (инвестициите) на најголемите европски, па и Азиски авто брендови.
Неговиот хиперавтомобил на електричен погон Nevera е редовна топ вест на специјализираните автомобилистички и бизнис магазини, а харизматичниот Хрват неодамна ги угости и најголемите функционери на Европската Унија кои сакаа лично да го запознаат вундеркиндот од “малата” но чудесна Хрватска.
Мате Римац, заедно со своето семејство со Хрватско потекло, емигрирал од Босна во Германија на само 2 години, а во своите тинејџерски години се вратил назад во Хрватска.
Својата животна приказна почнал да ја “брка” на само 19 години, кога во обична гаража ја конвертирал својата BMW “тројка” и од неа направил електричен автомобил кој подоцна урна и неколку рекорди во светот на електричните автомобили.
На 23 години го имаше и својот суперавтомобил на електричен погон наречен Concept One.
А неодамна го лансираше и првиот хиперавтомобил во своевидно сериско производство – Rimac Nevera.
Rimac – Bugatti
И покрај брзо стекнатата светска слава, Римац и неговите бизнис партнери ја возбудија и изненадија јавноста кога ја објавија сензационалната вест дека Римац Аутомобили (така се вика официјално компанијата на Мате) станува доминантен сопственик во новата компанија Rimac-Bugatti.
Учеството на Римац во новиот конгломерат е 55%, а 45% од акциите му припаѓаат на Porsche (кој учествува во име на Volkswagen).
Импресивната ергела – Porsche Taycan Cross Turismo (лево), Rimac Nevera (средина) и Bugatti Chiron Pur Sport
Зошто VW му го предаде Bugatti на Римац?
Постојат голем број теории и анализи, зошто Volkswagen, на овој или оној начин се откажа од своето активно учество и финансирање во Францускиот бренд на суперспортски автомобили Bugatti.
Едно од најреалните толкувања е – потребата на Volkswagen да ги напушти авантуристичките проекти на претходното раководство, кои од брендот редовно цедеа (испумпуваа пари).
Според одредени информации, VW во Bugatti од моментот на неговото превземање (1998 година) има впумпано 2,4 милијарди долари. А одредени податоци велат дека на секој Veyron, компанијата губела по 5 милиони долари.
Зошто тогаш и понатаму би се инвестирале огромни пари во брендот, кој освен имиџот, не носи некои позначајни резултати? Особено имајќи предвид дека автомобилите сега треба да воведат електрични мотори и технологија, проект кој секако тежи нови стотици милиони евра.
Според одредени информации, Rimac понудил да го развие новиот Chiron, со проект во вкупна вредност од околу 240 милиони долари, на што Volkswagen го изградил и надградил својот предлог – наместо да го финансира развојот, да му понуди на Хрватот спојување (merger).
Според официјалните податоци, новиот бренд Rimac-Bugatti, ќе продолжи да ги конструира автомобилите одделно. Bugatti во Молсхајм, Франција, а Rimac автомобилите во новопроектираниот кампус на Rimac Automobili во Загреб.
Кај електричните возила, секое намалено триење значи дополнителна заштеда на енергија. А заштедената енергија, значи и повеќе километри со едно полнење. А токму, зголемениот систем на автономија, за производителите на електрични возила е најзначајниот дел на кој се посветува максималн внимание.
Затоа, експертите во одделенијата за истражување и развој, кај производителите на возила внимателно ги бараат сите лагери во возилото и се обидуваат да го намалат или оптимизираат триењето.
Во Schaeffler го препознаа значењето на овој детал и лансираа два нови продукти специјално наменети за електричните возила.
Отворен е и цел нов погон за Иновативни лагери, во рамки на Автомото дивизијата кој ќе работи на овој план.
Првата иновација го носи името – TriFinity : Иновативен систем со три реда лагери за максимална модуларност. По димензии овој систем не е поголем од стандардниот дво реден систем на лагери за тркала, но има поголем капацитет за абсорбирање на поголем товар од осовината. Само овој иновативен систем штеди 0,7 проценти од енергијата на електричното возило во кое е вграден
Вториот продукт е Лагерот со високи перформанси со центрифугален диск кој на електричните возила им дава поголема ефикасност и подолг животен век. Едоставен во својата конструкција овој продукт ветува 10 пати подолг век од стандардните лагери, а номиниран е и за Германската Награда за Иновации од 2022 година.
Имајќи предвид дека фокусот на авто индустријата веќе е сериозно свртен кон електричните автомобили, се чини дека и овој потег на компанијата Schaeffler е направен во вистински момент.
Ликви Моли Македонија, новиот овластен увозник и дистрибутер на LIQUI MOLY во нашата земја, бара :
ПРОДАВАЧ
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА
Локација : Скопје, нас. Ѓорче Петров
Работни задачи : Работа во директна продажба со клиентите во изложбено продажниот салон на LIQUI MOLY Македонија во Скопје, наплата, изготвување на пропратни продажни документи – понуди и фактури. Телефонска комуникација со големи клиенти.
Минимални барања : завршено најмалку средно образование, одлични познавања на работа со компјутери (word, excel, интернет). Поседување на валидна возачка дозвола. Предност ќе имаат кандидатите со претходно искуство во продажбата и владеење на англискиот јазик.
Услови за работа : Конкурентна стартна плата во дејноста, со можност за дополнителни продажни бонуси. Можност за напредување и индивидуален развој.
Тип : Стартно – работен однос на определено работно време, со можност за брза трансформација во работен однос во неопределено работно време.
E-mail адреса за доставување документи (апликација и CV) : info@liqui-moly.mk
Напомена : Селектрианите кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Според последните информации, Mercedes повикува во своите сервиси околу 41.000 возила Mercedes X, поради можен проблем – навлегување на масло во сопирачките.
Постои опасност да тече масло на радијалниот заптивач, семеринг од задната оска. Maслото од задната осовина преку центарот на тркалото (главчина) може да навлезе во барабан сопирачките.
Отповикувањето на овие пикап модели на Mercedes, опфаќа процедура на проверка на лежиштето на тркалата и замена на семерингот.
Ако е потребно ќе се замени и лежиштето на тркалото (кај кое пќе се утврди капење).. кое пак директно може да ја намали ефикасноста на кочењето.
Процедурата во сервис треба да трае околу 3 часа по возило.
Во последното истражување на двете реномирани компаниии TÜV Nord и Carly, во кое биле скенирани околу 6,6 милиони автомобили во 9 држави, било утврдено...
Германската компанија Schaeffler, која во своето портфолио ги има исклучиелно популарните европски брендови INA, Luk и FAG, на Саемот во Фрнакфурт објави дека своите...
Бројот на увезени кинески автомобили на европскиот пазар континуирано расте.Како одговор на тоа и големите производитли на резервни делови, како што е Mann-Filter го...
Германската компанија, производител на врвните моторни масла и адитиви, LIQUI MOLY, објави дека започнува сериозна борба против можното фалсификување на нивните продукти.Затоа, на капачето...
Според последната анализа на Car-Garantie, просечната цена на чинење на еден сервис во Германија чини рекордни 764 евра!Слична констатација имаше и Германската Асоцијација за Осигурувањето,...