1xbet
1xbet-1xir.com
1xbet-1xir.com
1xbet-1xir.com
1xbet-1xir.com
1xbet-1xir.com
1xbet-1xir.com
1xbet-1xir.com
1xbet-1xir.com
1xbet-1xir.com
1xbet-1xir.com
1xbet-1xir.com
1xbet-1xir.com
1xbet-1xir.com
1xbet-1xir.com
1xbet-1xir.com
betforward
betforward.com.co
betforward.com.co
betforward.com.co
betforward.com.co
betforward.com.co
betforward.com.co
betforward.com.co
betforward.com.co
betforward.com.co
betforward.com.co
betforward.com.co
betforward.com.co
betforward.com.co
betforward.com.co
betforward.com.co
betforward.com.co
yasbetir1.xyz
winbet-bet.com
1kickbet1.com
1xbet-ir1.xyz
hattrickbet1.com
4shart.com
manotobet.net
hazaratir.com
takbetir2.xyz
1betcart.com
betforwardperir.xyz
betforward-shart.com
betforward.com.co
betforward.help
betfa.cam
2betboro.com
1xbete.org
1xbett.bet
romabet.cam
megapari.cam
mahbet.cam
1xbetgiris.cam
betwiner.org
betwiner.org
1xbetgiris.cam
1xbet
1xbet
alvinbet.site
alvinbet.bet
alvinbet.help
alvinbet.site
alvinbet.bet
alvinbet.help
1xbet giris
1xbetgiris.cam
1xbetgiris.cam
1xbetgiris.cam
1xbetgiris.cam
1xbetgiris.cam
1xbetgiris.cam
1xbetgiris.cam
1xbetgiris.cam
1xbetgiris.cam
1xbetgiris.cam
1xbetgiris.cam
1xbetgiris.cam
1xbetgiris.cam
1xbetgiris.cam
1xbetgiris.cam
1xbetgiris.cam
1xbetgiris.cam
pinbahis.com.co
pinbahis.com.co
pinbahis.com.co
pinbahis.com.co
pinbahis.com.co
pinbahis.com.co
pinbahis.com.co
pinbahis.com.co
pinbahis.com.co
pinbahis.com.co
pinbahis.com.co
pinbahis.com.co
pinbahis.com.co
pinbahis.com.co
pinbahis.com.co
betwinner
betwiner.org
betwiner.org
betwiner.org
betwiner.org
betwiner.org
betwiner.org
betwiner.org
betwiner.org
betwiner.org
betwiner.org
betwiner.org
betwiner.org
betwiner.org
betwiner.org
betwiner.org
betwiner.org
1xbet
1xbete.org
1xbete.org
1xbete.org
1xbete.org
1xbete.org
1xbete.org
1xbete.org
1xbete.org
1xbete.org
1xbete.org
1xbete.org
1xbete.org
1xbete.org
1xbete.org
1xbete.org
betforward
betforward
betforward
betforward
betforward
betforward
betforward
betforward
yasbet
yasbet
yasbet
yasbet
yasbet
yasbet
yasbet
yasbet
1xbet
1xbet
1xbet
1xbet
1xbet
1xbet
1xbet
1xbet
1xbet
betforward
betforward
betforward
betforward
betforward
betforward
betforward
betforward
yasbet
yasbet
yasbet
yasbet
yasbet
yasbet
yasbet
yasbet
1xbet
1xbet
1xbet
1xbet
1xbet
1xbet
1xbet
1xbet
1xbet
1betcart.com
1betcart.com
1betcart.com
1betcart.com
1betcart.com
1betcart.com
1betcart.com
1betcart.com
1betcart.com
1betcart.com
1betcart.com
1betcart.com
1betcart.com
1betcart.com
1betcart.com
1betcart.com
betcart
بهترین سایت شرط بندی ایرانی
بهترین سایت شرط بندی ایرانی
بهترین سایت شرط بندی ایرانی
بهترین سایت شرط بندی ایرانی
بهترین سایت شرط بندی ایرانی
بهترین سایت شرط بندی ایرانی
بهترین سایت شرط بندی ایرانی
بهترین سایت شرط بندی ایرانی
بهترین سایت شرط بندی ایرانی
بهترین سایت شرط بندی ایرانی
بهترین سایت شرط بندی ایرانی
بهترین سایت شرط بندی ایرانی
بهترین سایت شرط بندی ایرانی
بهترین سایت شرط بندی ایرانی
بهترین سایت شرط بندی ایرانی
بهترین سایت شرط بندی ایرانی

понеделник, ноември 23, 2026
spot_imgspot_img

Autodata во наставниот процес во Македонија

Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и модернизираат наставниот процес во усмереното средно училиште.

Новина во наставниот процес на АСУЦ Боро Петрушевски

Како последен во низа, потпишан е специјалниот едногодишен договор за соработка со најголемиот светски провајдер на технички податоци од авто индустријата – AUTODATA (дел од Solera Групацијата).

Со тоа, пред учениците се отвара огромната база на технички, сервисни и дијагностички податоци, знаења и вештини, кои со години се прибираат и систематизираат во модерното онлајн решение на AUTODATA Group, компанија основана во Англија во далечната 1972 година.

М-р Горанчо Николовски, директор на АСУЦ Боро Петрушевски

“Како Директор на стручно училиште како што е АСУЦ, секогаш сум фокусиран кон изнаоѓање нови можности за унапредување на квалитетот во образованието. Сметам дека поврзувањето на теоријата со практичната настава е клучот за квалитетно образование. Особено сум среќен што во процесот на следење на најновите трендови и технологии, произлезе една соработка која е крунисана со договор со фирмата ГББ дооел Скопје, партнер на AUTODATA за Македонија.” – изјави м-р  Горанчо  Николовски, директор на средното училиште.

“За мене е многу важно нашите ученици да бидат квалификувани и по завршувањето на средното образование да бидат навистина конкурентни на пазарот на трудот. Тоа е возможно само доколку им обезбедите на учениците да учат и следат најнови и модерни технологии.  AUTODATA како  софтверска алатка која нуди можности за ефикасно и квалитетно сервисирање на најмодерните возила на пазарот во Европа, нуди можности за учениците, но во истовреме е од огромно значење за нашиот Центар кој секогаш се труди да ги следи Европските трендови.

Модерна компјутерска лабораторија, во која учениците ќе ја користат датабазата на Autodata, како дел од теоретската настава во АСУЦ Боро Петрушевски

Би сакал да ја изразам мојата огромна благодарност до генералниот директор на ГББ дооел Скопје, Зоран Дочински и неговиот професионален тим кои го препознаа АСУЦ како Центар достоен да ги промовира најновите софтверски технологии од областаа на автомобилизмот и воедно да станеме партнери во процесот на модернизирање и подигнување на нивото на професионалност во државата. ”                  

М-р Николовски : Сметам дека поврзувањето на теоријата со практичната настава е клучот за квалитетно образование.

Што е Аutodata?

AUTODATA претставува онлајн алатка, која нуди разбирливи податоци за сервисирањето на возила, процесите на одржување, процедурите за дијагностика и поправка на најсложените дефекти кај модерните возила.

Податоците во базата на Autodata се лиценцирани од 160 производители на возила и покриваат 43.000 модели, што е околу 99% од целиот пазар на автомобили во Европа.

Во системот можат да се најдат технички податоци за возилата, детално објаснети процеси на редовно одржување (согласно сервисните интервали дефинирани од производителите на возила), илјадници мрежни шеми и дијаграми, постапки за дијагностика и поправка, но и сервисни булетини (информации за воочени дефекти кај одредени модели и “чекор-по-чекор” постапки за отстранување на истите) кои ги објавуваат прозводителите на возила.

Од тие причини, AUTODATA е еден од најчесто употребуваните софтверски пакети за секој независен сервис во Европа и светот.

Преку 30 профили, доделени на наставниците во АСУЦ Боро Петрушевски, софтверот ќе може да го користат учениците во секојдневната теоретска и практична настава, што ќе ги подготви за независна и професионална работа во нивната понатамошна кариера.

Тимот на професионалци и професори, кои своите знаења и вештини секојдневно ги споделуваат со учениците на АСУЦ Боро Петрушевски

“Огромна чест и задоволство ни претставува фактот, што најпрофесионалната онлајн алатка на светот “AUTODATA”, влегува во наставниот процес на АСУЦ Боро Петрушевски. – изјави м-р Зоран Дочински, генерален директор на фирмата ГББ дооел Скопје, партнер на AUTODATA за Македонија.

М-р Зоран Дочински, директор на фирмата ГББ дооел Скопје, партнер на Autodata во Македонија

“АUTODATA е неизоставен софтверски пакет, кој секојдневно го користат илјадници независни сервиси во светот. А сега, ќе го користат и од него црпат вештини и знаења и нашите ученици, идни професионалци и сервисери.

Со оваа интернет алатка, независните сервиси, на едно место, во една датабаза, можат да ги добијат сите податоци, знаења и вештини неопходни за одржување и сервисирање на модерните моторцикли, патнички и комерцијални возила. Особено е значајно да се потенцира, дека AUTODATA ги покрива и најновите возила и модели, вклучувајќи ги и модерните хибридни, плаг-ин и целосно електрични автомобили, а базата се обновува речиси секој ден.

Autodata – Систематизирано, прегледно, лесно разбирливо онлајн решение за независните сервиси.

Особено не радува фактот, што интересот за AUTODATA кај нашите сервисери секојдневно расте, а расте и бројот на претплатници кои го препознаваат значењето и функционоалноста на оваа алатка, која им помага во секојдневното работење, им штеди време, енергија и пари, а влијае и на подобрување на нвниот имиџ и професионалност.

Логично, овој проект, кој го реализираме заедно со професионалците од АСУЦ Боро Петрушевски, очекуваме да го популаризира користењето на софтверскиот пакет, а на долг рок, позитивно да влијае и на безбедноста во сообраќајот.” – заврши Дочински.

Соработката помеѓу АСУЦ Боро Петрушевски и Autodata, доаѓа со поддршка од Проектот Образование за вработување  во Северна Македонија – Е4Е.

Препорачан вулканизерски сет од OMCN

OMCN е еден од најпознатите производители на сервисна опрема од Италија со богата палета на – двостолбни дигалки, дигалки ножици, платформи за кревање, преси, опрема за миење на резервни делови…

Една од најзначајните линии во палетата на OMCN се и производите за вулканизерски сервиси – демонтерки, балансерки, опрема за подесување геометрија на тркалата (центрирање)…

препорачаниот вулканизерски сет од omcn

Оваа сезона, луѓето од OMCN и ГББ ви ја препорачуваат, комбинацијата на – демонтерка (Grip 22 со железна рака) и балансерката Roll 55.

grip 22 со железна рака

Со машината за менување гуми GRIP 22, можете да работите на пневматици со големина до 22″. Клемите за прицврстување на гумата се направени од зајакнат челик. Демонтерката има една брзина на ротација. Шасијата и платформата се зајакнати. Опремена е со вентил под притисок за пумпање на гумите со воздух. Странично, машината ја има железната рака, за универзални runflat гуми. Одлична вредност за вложените средства.

балансерска – roll 55

ROLL 55 е една од најпродаваните балансерки од палетата на OMCN. Поседува автоматска (електронска) рака за мерење на растојанието, дијаметарот и местото за поставување на самолепливите тегови. Автоматски се мери ширината на тркалото. Автоматски се избира и активира програмата за балансирање. Опремена е и со програма за автоматско запирање. Балансирањето автоматски запира кога ќе се постигне идеалната позиција. Брз циклус на мерење до 5 секунди. Дигитален двоен дисплеј со одлична прегледност и лесни контроли. Самокалибрација и самодијагностика за машината.

Може да се набави со или без – пластичен страничен штитник (поклопец) за тркалото.

И “АСТРА МС” користи Autodata

Во групата на премиум сервиси кои ја користат најдобрата датабаза на технички податоци за мултибренд сервиси, се вклучи и Астра МС.

Станува збор за мултибренд сервисот од Скопје, лоциран во населбата Бутел.

Некогаш специјализирани за возилата на OPEL, луѓето од Астра МС решија да ја прошират својата понуда и да понудат врвно одржување и сервисирање на возила од сите марки и модели.

За таа цел, а имајќи ја предвид комплексноста на новте возила и новите системи и технологии вградени во нив, луѓето од Астра МС решија да ја комплетираат својата база на знаења и податоци, со онлајн базата на Аutodata.

Повеќе информации за услугите на Астра МС можете да најдете на нивната фејсбук страна, на следниот линк.

Високи цени за горивото? Како можете да заштедите?

LIQUI MOLY може да го заштеди вашиот домашен буџет

Сегашните цени на бензинските пумпи може да ви ги насолзат очите. Нема што да се прави во поглед на новите цени, но постојат повеќе едноставни начини да се намалат трошоците врзани за вашето возило. “Не е само потрошувачката на гориво – постојат и други скриени трошоци” објаснува Давид Каизер, Лидерот на Одделот за Истражување и развој во специјалистот за масла и адитиви – LIQUI MOLY.

Моторот, секогаш кога работи,  создава отпадоци и гареж кои се лепат за инјекторите. Ова значи дека бензинот повеќе не се атомизира толку добро како што тоа се случува при чисти бризгалки. Како резултат на тоа, согорувањето не е повеќе ефикасно : се креираат помали излезни вредности (аутпут) на моторот како и поголема потрошувачка на гориво. “Дополнително, се создаваат и се повеќе остатоци од согорувањето (гареж) кои уште повеќе го зголемуваат проблемот. Тоа е многу степенест проблем, па возачот нема веднаш да зголеми дека возилото ја зголемило потрошувачката на гориво.” Колку е постаро возилото, со повеќе изминати километри, и колку е полош квалитетот на горивото, толку е поголем и проблемот.

Injection Cleaner адитивот од LIQUI MOLY се справува со тој проблем. Ова е адитив за бензин кој едноставно се додава на резервоарот за гориво. Кога моторот работи, состојките на адитивот кои се наменети за чистење, доаѓаат до инјекторите заедно со бензинот, и постепено ги отстрануваат штетните наслаги. “Моторот ги враќа своите иницијални вредности на потрошувачка и излезните вредности – моќта,” вели David Kaiser. “Уште повеќе, чистите инјектори имаат и помал ризик од технички проблеми. Ова е исто така значаен бенефит бидејќи инјекторите се скапи.” Со адитивот  Super Diesel Additive, LIQUI MOLY нуди слични својства и кај дизел моторите.

Ако промената на масло ви доаѓа набргу, трошоците при возењето може дополнително да се намалат.

LIQUI MOLY Engine Flush се додава на маслото непосредно пред промена на старото масло. Неговите состојки кои имаат својства на чистење ги растворуваат  наслагите и нечистотиите од маслениот проток, кои потоа се исфрлаат заедно со старото масло. Свежото масло влегува во чист мотор и исто така му дава можност да испорача максимални перформанси. “Наслагите и гарежот во маслениот проток влијаат врз соодветното заптивање во моторот, при што придонесуваат и за повисока потрошувачка на гориво, ” вели David Kaiser. “Тие исто така го зголемуваат ризикот од технички проблеми (дефекти) што овозможува превентивно спречување на можни скапи поправки.”

Голем проблем во врска со трошоците  може да ви предизвика и изборот на масло кое е несоодветно за вашиот мотор.  David Kaiser: “Денес, маслото е како течна компонента која со висока прецизност се упарува со моторот. Ако ставите грешно масло сте направиле проблем – исто како да сте вградиле погрешен резервен дел. Последиците може да бидат од зголемена потрошувачка (абење) на моторот, наслаги во маслениот круг, до проблеми со системите кои ги третираат издувните гасови па и сериозни мторни оштетувања. ”Затоа вложувањето на уште неколку евра на маслото со соодветен и висок квалитет е добра инвестиција. На страната  www.liqui-moly.mk ќе го најдете подменито Оil Guide во кој со неколку лесни чекори можете да го најдете најдоброто масло за вашето возило (внесувајќи ги неговите податоци – производител, модел, година на производство.

По промена на маслото, можете да додадете и една кантичка од адитивот LIQUI MOLY Cera Tec . Ова е адитив кој го намалува абењето на моторот и хемиски и физички. Cera Tec го постигнува ова со намалување на триењето в моторот. А помало триење значи и помала потрошувачка. “Но она што е уште поважно е дека помалото триење значи превентива против поправки и подолг животен век на моторот,” вели David Kaiser.

Овие едноставни трикови ќе ви помогнат да го намалите трошокот за гориво – барем малку. Но уште поголемото штедење лежи на друго место, вели Давид Каизер : “Најголемата заштеда ви е ако ги избегнете трошоците за поправка на возилото како и да го зголемите животнит век на вашето возило.”

Станете LIQUI MOLY Pro-Line Центар

Pro Line – Центри

LIQUI MOLY, производителот на моторни масла, масла за менувачи, адитиви и сервисни препарати од Германија, преку својот дистрибутер во нашата земја, започна да ја развива својата специјална мрежа на т.н. LIQUI MOLY Pro-Line Центри.

Во мрежата ќе членуваат сите посветени сервиси, продавници за резервни делови и бензински пумпи кои ќе искажат интерес за тоа, а истовремено ќе задоволат одредени стандарди кои ги поставува LIQUI MOLY.

Целта на проектот е да се создаде мрежа на професионални партнери, во кои клиентите ќе може да имаат целосна доверба, со унифициран квалитет на инфраструктурата, опремата и стандардите на услугата.

Во овие центри клиентите ќе може да ги најдат производите на LIQUI MOLY, да добијат професионално одржување и сервис на возилата, со опрема и материјали препорачани од LIQUI MOLY.

Ова особено важи за сервисите, во кои се настојува клиентите да добијат врвно, позитивно искуство.

Ако имате сервис или продавница за резервни делови и сакате да станете дел од новата мрежа, ќе ве интересираат следните информации :

Кои стандарди треба да ги исполните за да станете LIQUI MOLY PRO-LINE ЦЕНТАР :

  • LIQUI MOLY брендирање на надворешниот дел, внатрешноста на сервисот (продавницата) и просторијата за чекање
  • Да имате завршено обуки за дејството и апликацијата (употребата) на адитивите, заедно со обуките за моторни масла и нивна примена
    • по завршување на обуката, ќе добиете сертификат од LIQUI MOLY за да им покажете на клиентите дека сте во тек со стандардите во индустријата на подмачкување.
  • LIQUI MOLY е главно моторно масло во вашиот центар
  • Да ги поседувате LIUI MOLY адитивите и ATF течностите на залиха, и да ја употребувате специјалната техничка опрема на LIQUI MOLY
  • LIQUI MOLY логото мора да биде изразено на веб страната на вашиот центар
  • Објектот мора да е чист и организиран одвнатре и однадвор.
  • Мора да се прави проверка на месечно ниво дека објектот ги задоволува барањата на LIQUI MOLY

LIQUI MOLY PRO-LINE ЦЕНТАРОТ ќе ги добие следните БЕНЕФИЦИИ :

МАРКЕТИНГ:

  • Сервисот или продавницата ќе бидат објавени на веб страната на LIQUI MOLY Македонија како  LIQUI MOLY PRO-LINE ЦЕНТАР
  • Ќе ги користите предностите на социјалните мрежи на LIQUI MOLY Македонија
  • Ќе можете да ги искористите предностите на централните реклами на LIQUI MOLY во земјата и странство
  • Поддршка на локално ниво – во вашата средина (преку заеднички акции и кампањи)
  • PRO-LINE рекламни фолии за прозорците
  • Сталажи и дополнителен изложбен материјал
  • Центарот на LIQUI MOLY ќе биде објавен во нашиот newsletter
  • Сертификат со годината во која центарот се стекнал со титулата LIQUI MOLY PRO-LINE CENTER

ПОДДРШКА:

  • континуирана поддршка и тренинг
  • Обука и материјали за дополнителна продажба на материјали, услуги и продукти за вашите приемни консултанти и техничари.

ДРУГИ БЕНЕФИЦИИ :

  • Дополнителен попуст за производите на LIQUI MOLY
  • Попуст на материјалите од LIQUI MOLY TEAM FAN SHOP
  • Дополнителни презентации на центарот, во сопствените и надворешни медиуми

Контактите на LIQUI MOLY Македонија може да ги најдете на следниот линк.

Голема заштеда со Autodata

Autodata е најпознатата и најкомплетна база на технички податоци за независни сервисери и механичари.

Верзијата на AUTODATA која на пазарот во Македонија ја донесе ГББ дооел Скопје е многу практична и лесна за користење. Датабазата е – online.

Повеќе нема долги и комплицирани инсталации, пиратски це-диња и зафаќање на голема меморија од вашиот хард диск која ги успорува останатите операции.

Се што Ви треба е : компјутер, интернет и корисничко име и лозинка (кои можете да ги добиете откако ќе го платите претплатничкиот пакет во ГББ).

А претплатничките пакети – зависат од неколку фактори.

Цени на претплатничките пакети

Прво, висината на цената зависи од тоа дали го избирате основниот модул – Сервис и одржување (годишната претплата изнесува 408 евра + ддв) или модулот – Дијагностика и поправки (во кој се вметнати мрежите, дијаграми и најчести дијагностички кодови и грешки) со цена од 732 евра + ддв.

И второ, цената зависи од бројот на корисници кои ќе ја користат Autodata во вашиот сервис.

Се согласуваме дека овие суми, во денешно време и не се така мали.

Но, ако го погледнете бенефитот од програмата, сигурно ќе ви биде јасно зошто насловот гласи – Голема заштеда со Autodata.

На сервисерите им се неопходни информации, совети и насоки

Ако сакате да ги одржувате и сервисирате новите возила, набилдани со напредна технологија, опрема, електроника и сензори морате да имате база на податоци и информации – која ќе ви помогне во процесот, ќе ве насочи, даде совети и информации.

Ако ги немате овие информации, едноставно не можете да работите на овие нови, софистицирани возила кои може да ја побараат услугата на Вашиот сервис. А тоа е секако, директна загуба за вашата фирма.

Овој проблем можете да го решите, ако ги купите т.н. TIS (Technical Information Systems) од овластените дистрибутери на возила во земјата.

Под услов да се согласат да ви продадат пристап до базата на податоци за сервисирање – производителите истата ќе ви ја наплатат најмалку 2.000 евра на годишно ниво (во одредени случаи и повеќе).

И ако сакате вашиот сервис да го опремите само со 10 вакви софтверски пакети… бидејќи најчесто ви доаѓаат возила од тие 10 марки… Сумата доаѓа до фрапантни – 20.000 евра!

Во споредба со ова, оние 732 евра – веќе не се сериозни… нели?

И дополнително, имајте предвид дека во Autodata добивате податоци за 142 производители на возила!

И дека во програмата (за разлика од пиратските копии) се прават апдејти – речиси секој ден.

Аutodata ќе ви заштеди многу време (а со тоа и пари)

Ако цената на работниот час во вашиот сервис чини 1.000 денари… Колку денари (потрошени часови) може да ви скрати – комплетната база на податоци во која ќе најдете најголем дел од информациите кои ви се потребни?

  • Сервисни интервали
  • Вид и количина на моторно масло и други течности
  • Работни часови за секоја сервисна операција
  • Брз калкулатор со кој за 2 минути можете на клиентот да му изготвите понуда
  • Процедури и постапки на сервисирање
  • Точна локација на секој дел во возилото
  • Разработени шеми и дијаграми
  • Информации за најчестите дефекти кај соодветните возила и постапката како да ги отстраните…

Аutodata ќе ви помогне да изградите подобар имиџ

Во светот во кој клиентите се внимателни, сомничави во се’ и секого, “изгорени” претходно на илјадници начини. Секако ќе ви помогне – да им презентирате дека вашата работа е координирана според највисоките стандарди, на најреномираниот провајдер на технички информации од Англија – Autodata.

А тоа… Ќе ви помогне, за некој благ процент да ја зголемите и цената на Вашата услуга… нели?

A благото зголемување на цената – ви дава можност да ја отплатите програмата и да прокнижите сериозни заштеди на вашето конто.

За ова благо зголемување на цената на услугата, нема никој да ви замери – ако оставите позитивен впечаток, ако ја испринтате понудата од системот на Autodata, ако му презентирате на клиентот зошто сте наплатиле 1,2 работни часа за сите операции на одржување и сервисирање на неговото возило.

Ако ги соберете сите погоре посочени фактори, јасно е дека Autodata е инвестиција (не трошок) која сериозно ќе ви помогне да заштедите време и пари, како и да се осмелите да ги поправате возилата, кои вашие конкуренти не можат да ги сервисираат.

Дијагностиката на BOSCH, најдобар асистент во Вашиот сервис

Во автомобилската индустрија секојдневно се појавуваат нови автомобили и модели, кои имаат комплексни системи и резервни делови. Од тие причини, сервисните работилници кои сакаат да ги одржуваат и сервисираат возилата, немаат избор.  Потребен им е пристап до нови знаења, вештини, алатки и инструменти.

ECU уредите за дијагностика и софтверот  ESI[tronic] на BOSCH се најдоброто решение за новите мултибренд сервисни работилници. ТУредите на BOSCH сеуште претставуваат синоним за најквалитетната дијагностичка опрема и софтвер на Европскиот и светски автомобилски пазар.

BOSCH KTS 560

Во палетата на дијагностички уреди на BOSCH како најдобра комбинација на вредноста за вложените средства се издвојува уредот – KTS 560.

KTS 560 дијагностичкиот модул ќе ги забрза вашите операции во сервисот, ќе ја подобри точноста на дијагностиката и ќе го зголемат вашиот потенцијал.

Модулот е напреден, комплетно комплементарниот PassThru интерфејс ви овозможува лесно репрограмирање на фабричкиот софтвер на возилото, ви дава можност да вршите паралелна дијагностика – модулот може да комуницира со три CAN и K-Line интерфејси симултано – што значи побрз и попродуктивен аутпут.

Партнер на BOSCH за сервисната опрема во Македонија е фирмата ГББ дооел Скопје.

WABCO-WURTH дијагностиката за 94 евра месечно!

WABCO-WURTH, е универзален дијагностички уред за речиси сите камиони и автобуси на пазарот.

Покрај универзалната, мултибренд дијагностика на моторот, WABCO WURTH е и единствениот уред во кој ќе ги најдете и оригиналните технички податоци за системите на WABCО и HALDEX…

Како резултат на тоа, купувањето на дијагностичкиот уред W-Easy и претплатата на софтверскиот пакет, добивате три врвни уреди за целосна дијагностика во вашиот сервис.

Со новиот лизинг, во соработка со Sparkasse Leasing, за само :94 евра месечнo!

Пресметката е направена за лизинг со учество 30% од нето вредноста + 36 месечни рати

Повеќе информации за уредот на WABCO WURTH ќе најдете на следниот линк.

Системи, знаења и вештини, достапни за сите!

Тел. 071 30 777 8

Нова генерација машини за менување масло на автоматски менувачи

Професионалната компанија за масла ја претставува последната генерација на успешното решение за сервисни работилници – Gear Tronic III

Пред само неколку години, промената на масло во автоматските менувачи беше долготрајна и комплицирана постапка. Со Gear Tronic, германскиот специјалист заз масла и адитиви  LIQUI MOLY им отвори пат на работилниците за изведување на потполно автоматска промена на масло за менувачи. Како последна генерација, Gear Tronic III ја прави оваа работа уште поефикасна.

Уделот на возила со автоматски менувач расте во целиот свет. Дури и во земјите во кои мануелното менување брзини беше многу распространето, тоа полека оди во пад. И како што расте популарноста на концептот на автоматските менувачи, расте и потребата за негово сервисирање. Експертите на германскиот автомобилистички клуб  ADAC препорачуваат промена на маслото, вклучувајќи го и миењето на секои 100.000 километри. “Токму поради тоа го развивме и континуирано оптимизиравме концептот Gear Tronic за сервиси”вели, David Kaiser. Водител на одделот за истражување и развој во LIQUI MOLY.

Новиот Gear Tronic III уред блеска со бројни подобрувања во споредба со неговиот претходник : Робусниот 7-инчен екран во боја чувствителен на допир дава подобра прегледност. Тука се и упатствата за работа, вклучените адаптери и слики од пракса на приклучоците на возила. David Kaiser: “Комплетната база на податоци за повеќе од 2000 модели на возила и сите информации сега се точно на уредот. Дополнителните носачи на пдатоци и пријавувањето на други системи, веќе се работа од минатото. ” Тоа ја поедноставува работата.

Вмрежувањето нуди и други предности: Сервисните податоци може да се пратат директно на компјутер или на е-маил адресата преку WiFi. Во иднина на системот ќе се вршат и редовни и бесплатниа журирања.

Оптимизиран е не само протокот на податоци, туку и протокот на масло : садот за складирање е зголемен на капацитет од 4,6 литри, а одводот е проширен.

По изгледот, третата генерација јасно отскокнува од втората генерација. Сивото стана црно. “Тоа го прави полесно за одржување ”, вели Давид Каизер.  „Црната, исто така е боја на нашиот асортиман на Pro-Line производи за професионални корисници. Тоа значи дека новиот уред совршено се вклопува во сликата.”

LIQUI MOLY го лансираше  Gear Tronic воТри години подоцна уследи и втората верзија на уредот – двата бестселери. Во светот се во употреба неколку илјади единици.  “Toа нее изненадување бидејќи работилниците може да го користат за проширување на својот распон на услуги и со замена на масла за автоматски менувачи,” вели водачот на развојот во LIQUI MOLY.

“Купувањето брзо ќе ви се исплати”, вели David Kaiser. “Бидејќи, како и промената на моторно масло, важна е и промената на масло во менувачот. Во спротивно постои опасност од тешко менување брзини и забрзазно абење. Ако не се изврши промената на време, нечистотиите и металните струготини кои се содржат во маслото може да предизвикаат скапи механички оштетувања на мехатрониката и делот на менувачот.”

Уред за сервисирање клими – 1.950 евра!

ГББ дооел Скопје и WABCO WURTH, подготвија специјален уред / со специјална цена за нашиот пазар.

Се работи за целосно автоматската машина за сервисирање на клима уреди за патнички, товарни возила, градежна и земјоделска механизација.

Базичната верзија на уредот – WABCO WURTH Coolius A05, е произведена во Европската Унија и можете да го набавите за неповторлива цена од само 1.950 евра + ддв.

Уредот е целосно автоматизиран и може да се користи на разладната течност R123a.

Дизајнот е едноставен и лесен за користење. Вкупната тежина е 65 килограми, а резервоарот за разладна течност – 12 кг.

Овој уред, базичен во понудата на автоматски машини за сервисирање на клима уреди во палетата на WABCO WURTH е идеално скроен за пазари чувствителни на цени, како што е нашиот.

Понудата се однесува на ограничен број машини од овој тип.

Проспектот и деталите за Coolius A05, можете да ги најдете на следниот линк.

Најчитани содржини

Maшини на BOSCH за сервисирање на клима уреди

0
ACS 553 e специјална машина за возила кои имаат фреон од типот R134a. Таа прави извлекување, рециклирање и повторно полнење, како и работи на...

Најнови содржини

Кај секое десетто возило во Европа, се “штимани” бројот на изминати...

0
Во последното истражување на двете реномирани компаниии TÜV Nord и Carly, во кое биле скенирани околу 6,6 милиони автомобили во 9 држави, било утврдено...

INA, LuK и FAG стануваат Schaeffler

0
Германската компанија Schaeffler, која во своето портфолио ги има исклучиелно популарните европски брендови INA, Luk и FAG, на Саемот во Фрнакфурт објави дека своите...

Mann-Filter покрива се’ повеќе Кинески возила

0
Бројот на увезени кинески автомобили на европскиот пазар континуирано расте.Како одговор на тоа и големите производитли на резервни делови, како што е Mann-Filter го...

Скенирај и провери дали е маслото на LIQUI MOLY оригинално!

0
Германската компанија, производител на врвните моторни масла и адитиви, LIQUI MOLY, објави дека започнува сериозна борба против можното фалсификување на нивните продукти.Затоа, на капачето...

Koлку чини просечна поправка во сервис во Германија?

0
Според последната анализа на Car-Garantie, просечната цена на чинење на еден сервис во Германија чини рекордни 764 евра!Слична констатација имаше и Германската Асоцијација за Осигурувањето,...