Bosch на Autopromotec

162

На 30-тото издание на Саемот за опрема и постпродажни активности, Autopromotec во Болоња, присутен е и глобалниот гигант Bosch.

На својот штанд, експертите на Bosch на публиката им ги презентираат :

ESI[tronic] – софтверот за авто дијагностика

Во авто индустријата, софтверот за дијагностика на Bosch, ESI[tronic] кој обично се спарува со дијагностичките уреди KTS 560 и KTS 590, континуирано се развива и надградува и претставува една од најомилените алатки на сите професионални мултибренд сервиси.

Во него, со годишна претплата, сервисерите можат да најдат многу податоци, информации, упатства за работа, електрични шеми и мрежи…

АDAS One Solution

BOSCH располага со нови уреди за калибрирање на ADAS сензорите за речиси сите возила на европскиот и светски пазар.

Три нови уреди за тестирање и полнење на батерии (акумулатори)

Особено фокусирани за испитување, тестирање и поправка на високоволтажни системи кај електричните и плаг ин возила. Во овој сегмент, на своите посетители на штандот во Болоња.

Уреди за сервисирање на клима системи

Bosch во Италија ги претставува уредите за сервисирање на авто клима системи, кои се дизајнирани да го користат стариот или нов фреон.

Сервисни мрежи

Во Европа и светот, Bosch развива две мрежи на овластени сервиси, Bosch Car Service и AutoCrew кои за да бидат членки, мора да исполнат повеќе стандарди за работа, да поседуваат препорачана опрема за сервисирање и да користат главно делови од BOSCH.