Компанијата Kurz Scribos, за BMW смисли посебна дигитална холограмска заштита, која како лента се додава на кутиите на оригиналните авто делови, со што се прави дополнителна заштита од фалсификувани и неоригинални делови.
Овие холограмски лентички, имаат посебни визуелни ефекти, кои се менуваат под различно ниво на светлина, а тоа ги прави многу тешки за фалсификување.
За дополнителна заштита во холограмската заштита се внесени и уште неколку елементи како што се микротекстови и специјални маркери, па дали се деловите оригинални, најлесно може да се провери со посебна апликација и читач на холограмите.
Оваа технологија ќе се применува на целото портфолио на оригиналните делови на BMW кои ги има окoлу 40 милиони позиции. Целта е примарно да се заштитат возачите на BMW од неоригиналните делови кои може да предизвикаат несакани проблеми, дефекти и сообраќајни незгоди, но секако, со нив се штити и производителот BMW, од економската загуба која ја носи фалсификувањето, а која на годишно ниво воопшто не е мала.
