Како да се справите со замрзнати стакла одвнатре

116

Ако во зимски услови, ви замрзнуваат стаклата на вашиот автомобил одвнатре, не треба веднаш да паничите.

Замрзнатите стакла се такви, затоа што најверојатно во внатрешноста на вашиот автомобил има влага. Она што треба да го направите е да се обидете да ги лоцирате причините поради кои е влажно во возилото.

Ако се работи за мокри патосници (кои се намокриле бидејќи сте внесле снег во возилото), треба патосниците да ги отстраните од автомобилот и можеби исушите во станот. Ако во автомобилот имате мокри јакни или алишта, однесете ги дома и исушете ги.

Ако пак, влагата се појавува поради лоша изолација на прозорите, најдобро е да го вклучите моторот, грењето, вентилаторите да ги насочите нагоре – кон стаклата, и да ги отворите вратите.

Така најлесно и најбрзо ќе се одмрзнат стаклата.

Не е препорачливо во ентериерот да прскате со некои средства за одмрзнување на прозорците, бидејќи може да предизвикаат несакани реакции по здравјето на возачот и патниците.