Ако се верува на најпознатиот Германски магазин за автомобили Auto Bild, апсолутно треба да го загреете моторот пред да почнете да возите.
Иако голем број производители на возила велат дека модерните мотори со внатрешно согорување не треба да се загреваат во место, при студен старт, како што тоа го правеле нашите родители, според експертите на Auto Bild, сепак треба да почекате пред да ја притиснете педалата за гас.
Според нив, секој мотор, треба да се загрее со што и абењето (трошењето) на моторот ќе биде помало.
Причина за ова е моторнот масло, кое при студен старт е обично погусто и повискозно, отколку кога ќе постигне работна температура. Како резултат на тоа, кога моторот е студен, на маслото ќе му треба повеќе време да стигне до лежиштето и деловите во моторот кои треба да се подмачкаат.
Затоа ако веднаш притиснете на педалата за гас, ризикувате некои важни делови да не се подмачкани, поради што кај нив триењето ќе биде поголемо, а со тоа и абењето на моторот… што пак може да предизвика проблеми и дефекти.
Притоа, се препорачува да не се стои во место, туку да се тргне и да се држи возилото некое време во долната третина на вртежи во минута. Така деловоите кои се изработени од различни материјали, кои различно се шират при повисоки температури, ќе се подмачкаат навреме и ќе овозможат нормално функционирање на моторот.





















