Празниот ладилник (радијатор) во автомобилите може да предизвика сериозни проблеми – прегревање на моторот и оштетување, што пак може да резултира со сериози трошоци.
Затоа е потребно да проверувате дали ладилникот има доволно разладна течност.
Тоа може да се направи прво со визуелна инспекција. Проверете во резервоарчето за разладна течност на кое ниво е течноста. Разладната течност има обично светло зелена или портокалова боја. Ако е нивото ниско или течноста воопшто ја нема, тоа е добар сигнал дека ладилникот можеби е празен.
Второ. Проверете ја температурата на контролната табла. Ако моторот се прегрее, тоа е сигнал дека во ладилникот нема доволно разладна течност.
Проверка може да направите и на самиот ладилник. Кога моторот ќе се олади (не отварајте никако на загреан мотор, бидејќи температурата може да е многу висока) ако од отворот ги гледате металните компоненти, тоа значи дека нивото на разладна течност е веројатно ниска или ладилникот е празен.
Секако, празниот ладилник, веројатно ќе ја запали сијаличката на таблата за разладна течност, која повторно сигнализира дека нивото на течноста е на ниско ниво.
Како и да е, овие контроли се многу значајни, ако сакате правилчно да го одржувате вашиот автомобил и да се заштитите од скапи поправки.





















