Календарот што недостига – Pirelli

221

Календарите на PIRELLI со години беа сметани како вреден колекционерски примерок, кој најчесто завршуваше кај најголемите увозници и дилери на брендот во светот.

Календарите на Pirelli беа подигнати на ниво на култ, традиција која траеше долго време (повеќе од 5 децении) и во која најпознати примероци беа оние со секси (но со вкус) фотосесии, на кои често се појавуваа најдобрите фотомодели и актерки на планетата.

Во еден момент, како резултат на кампањите на социјалните мрежи – #MeToo , кампањи кои прераснаа во движење за зашита на жените од нивното претерано сексуализирање и сексуално малтретирање, Пирели не издржа и сакајќи да се заштити од хејтање на мрежите, престана да ги изработува своите календари.

Kонечно, по седумгодишна пауза, во 2025 година, Pirelli објави нова серија на календарот во која повторно се враќа познатото вкусно, секси издание кое со години ја следеше Италијанската компанија.

Во видеото на Youtube можете да го видите специјалниот омаж направен за 5-те децении секси календари на Пирели.