Кога да го смените филтерот за гориво?

225
.

Филтерот за гориво е една од најзначајните компоненти во возилото, кој спречува нечистотиите од горивото да навлезат во моторот и да предизвикаат полоша работа и дефекти на моторот.

Филтерот за гориво, влегува во групата на потрошни материјали, кои се менуваат во определен временски период (според сервисниот план дефиниран од производителот на возилото), но бараат промена и надвор од планот, ако дојде до предвремено трошење или затнување на филтерот.

Постојат возачи кои заедно со моторното масло ги менуваат и сите филтри (филтер за масло, воздух, кабина и гориво). Ова секако, не е лошо, иако во многу ситуации и не е неопходно.

Постојат неколку симптоми кои може да укажуваат на тоа дека филтерот за гориво треба да се смени.

  1. Тешко стартување на моторот.
    • Кога филтерот е целосно затнат, се појавуваат проблеми со стартување на моторот. Радилицата на моторот почнува да врти, но моторот не може да стартува. Ова може да е симптом кој укажува на тоа дека треба да се смени филтерот за гориво.
  2. Моторот губи сила.
    • Ако вашето возило се мачи при искачување по угорнина, или нема сила да забрза и ова може да упатува на потребата да се смени филтерот за гориво.
  3. Необична бучавост во моторот.
    • Ако наеднаш започнете да слушате необичен звук од моторот, бучава или татнеж од него, проверете го филтерот за гориво. Можеби тој е одговорен за овие симптоми.
  4. Сијаличка – провери го моторот.
    • Иако оваа сијаличка може да се запали како резултат на повеќе проблеми, затнатиот филтер за гориво знае да е чест причинител на оваа ситуација, која никако не треба да се игнорира.

Филтерот за гориво обично не е многу скап, процедурата за негова промена е релативно едноставна, па ако ги почитувате препораките на производителот на возилото и на вашиот сервисер, ова не е нешто што треба сериозно да ве загрижува.