Додека се експлоатира, секое возило троши одредена количина на моторно масло.
Некои автомобили го трошат помалку, други повеќе, па неопходно е нивото на моторното масло да се проверува и ако е потребно да се направи дополнување на нивото на масло.
Затоа, сите производители на автомобили и производители на моторни масла, препорачуваат, редовно да го проверувате нивото на моторното масло во вашиот мотор, затоа што недостатокот на масло, може да предизвика сериозни проблеми, оштетувања и трошење (абење) на моторот.
Новите возила, најчесто имаат електронски сензори кои ќе ве предупредат дека нивото на маслото е на минимум, но дури и да е така, ништо нема да ве чини да ја направите проверката, бидејќи таа е многу едноставна и брза. Дополнително, имајте предвид дека и сензорот или сијаличката која предупредува за ниско ниво на маслото, може да се расипани, што може да ви даде лажно чувство на безбедност.
За проверката на маслото, потребно е да го паркирате возилото на рамна површина, и ако моторот работел, оставете го околу 10 минути да се излади, а моторното масло да се спушти назад во својот резервоар.
Потоа, кренете ја хаубата и лоцирајте го мерачот на масло (шипка), кој е најчесто лесно воочлив и лесно пристапен во моторот.
Извлечете ја шипката, и пребришете ја со суво марамче.
Потоа повторно спуштете ја шипката во резервоарот за моторно масло и спуштете ја до крајот. Потоа кренете ја шипката (индикаторот) и поставете ја хоризонтално.

Обично, на крајот на шипката за мерење, има две линии (најчесто одбележани со MIN и MAX). Се додека маслената дамка на покажувачот се наоѓа помеѓу двете линии, нивото на моторно масло е добро и безбедно за вашиот автомобил.
Во идеална ситуација би требало да е поблиску до горната линија.
Ако маслената дамка на шипката за мерење е поблиску до минимумот, веднаш додадете одредена количина на моторно масло.