LIQUI MOLY надмина промет од 1 милијарда евра

112
Фото - LIQUI MOLY

Порано од предвиденото, побрзо од планираното, претставниците на LIQUI MOLY објавија дека во минатата, 2024 година ја надминале границата на промет од 1 милијарда евра.

Поради тоа, компанијата на своите вработени им врачи специјален бонус за одлични перформанси.

Производителот на масла и адитиви од Улм, ја заврши фискалната година со промет од 1,03 милијарди евра, што претставува пораст од 12,4% во споредба со претходната година.

Произведени се рекордни 111.000 тони масло, 24 милиони пакувања со адитиви, 36 милиони контејнери за масло (буриња).

Во компанијата во моментов се вработени околу 1.200 вработени лица, кои сите добиле бонус кој се движел до 7.000 евра.

Покрај Германија, и САД се исклучително успешен пазар за LIQUI MOLY.