Liqui Moly партнер на голем ланец на бензински пумпи

152

Оваа година, производителот на моторни масла, адитиви и козметика за возила од Улм, Liqui Moly, ја започна својата соработка со ланецот на бензиснки пумпи со седиште во Берлин, Sprint, со кои производите на Liqui Moly станаа “First Partner” – прв партнер на ланецот пумпи.

Во Sprint влегуваат околу 140 пумпи, распростанети во Германија, а според информациите, договорот е потпишан на период од четири години.

Ние сме идеално решение за ваков сериозен ланец на бензински пумпи, бидејќи имаме огромен асортиман, особено на моторни масла кои покриваат најголем број на спецификации на пазарот, а нудат и одлична профитабилност. Дополнително, нашите експерти ќе бидат ангажирани во процесот да ги обучат и едуцираат работниците на бензинските пумпи – изјави Гунтер Вергерт, продажен менаџер на Liqui Moly за Германија.