Германскиот производител на автомобилистички хемикалии лансира масло за менувачи за Tesla и ладилна течност за горивни ќелии.
LIQUI MOLY разви ладилна течност за горивни ќелии како и посебно масло за менувачи специјално наменето за електрични возила. Давид Каесер, шефот на одделот за Истражување и Развој во LIQUI MOLY, изјави: “Ова е само почеток на она што го имаме во развојните линии. Стоиме цврсто на нашето ветување – дека ќе понудиме вистински продукти за сите возила во светот.”

Квалитетот е клучниот збор во LIQUI MOLY. Разладната течност за електрични возила особено треба да исполнат многу обемни барања, Разладната течност за Горивни Ќелии FCF 20 од LIQUI MOLY е базиран на етилен гликол, комбиниран со не-јонски адитиви, се одликува со многу ниска електрична спроводливост и комбинира оптимална термална дисипација со врвна компатибилност на материјалите и стабилност на стареење. “Топлината која се развива во батериите и горивните ќелии е огромна. Па согласно тоа и барањата од разладната течност се огромни. Нашиот FCF 20 не само што е дизајниран за термално ослободување, туку исто така ја нуди и специфичната долговечност и заштита на сите компоненти позната за LIQUI MOLY,” вели Kaiser гордо. Оптималното ослободување од топлината е апсолутно неопходна за горивните ќелии, бидејќи жештината која се создава може да биде повисока од жештината која ја создаваат моторите со согорување. Ова гарантира максимален сервисен живот на компонентите. Производот е компатибилен и за Toyota Mirai, кој се смета за пионер во технологијата на горивни ќелии.
Впрочем, најголемиот дел од производите на LIQUI MOLY се соодветни за сите видови на погон, без разлика дали се работи за мотор со внатрешно согорување, електрични, хибридни или возила со погон на горивни ќелии. Одобренијата на производителите се доказ за тоа. “Секаде каде што се потребни посебни продукти, ќе понудиме решенија. Ова е сосема независно од видот на погон,” вели David Kaiser.
Со новите продукти, производителот ја прроширува својата палета на околу 4.000 прдукти и влегува и во сферата на алтернативните погони.