Нов концепт на Саемот за гуми во Келн

101

Саемот за пневматици во Келн кој ќе се одржи следната 2026 година од 9ти до 11 јуни, ја менува својата концепција, како клучна ја воведува темата “Walk of Services” – во превод Патот на услугата, и низ пет теми ќе го следи сервисот поврзан со пневматиците.

Темите се – Луѓето, Системите и Процесните решенија, Сервисот на Гуми и Технологија во сервисите, Автомобилски сервиси и Справување со отпадот и одржливост.

Темите ќе бидат разрабоувани и презентирани во посебно брендирани хали, за секоја од наведените проблематики.

И покрај променетиот формат, сепак клучни остануваат темите – гуми, тркала, сервисна опрема, ре-трединг (обновување) на гумите, рециклирање.