Tenneco ги презентира плочките за сопирачки, по Euro 7 стандарди

73
Фото - Tenneco

Стандардите на емисија кои неуморно ги воведува Европската Унија, предвидуваат со стандардите Еуро 7, да се контролира и прашината која ја создаваат и емитуваат сопирачките.

Теnneco, воведува плочки кои одговараат на овие стандарди и ја намалуваат емисијата на отровната прашина.

Според производителот, фокусот на оваа нова технологија е да се намали емисијата на честички (PM10 и PM2.5).

Euro 7 стандардот ќе го лимитира нивото на емисија на честичките кои ги создаваат сопирачките (и гумите). Според овој стандард електричните возила може да емитираат до 3 милиграми PM10 честички на километар, а за возилата со мотори со внатрешно согорување и хибриди до 7 милиграми.

За да го исполни овој стандард Tenneco анагажирал посебни капацитети, лаборатории и елксперти кои сериозно работеле на проблематиката.