Групацијата TMD Friction е еден од водечките производители на оригинална опрема за сопирање кај огромен број на возила, и досега беше на меѓународниот пазар застапена со марките – Textar, Don, Mintex и Bendix.
Од компанијата најавуваат дека компаниите наскоро ќе може да ги набавуваат и артиклите од палетата на PAGID, кои досега беа достапни во афтермаркет мрежата само во Велика Британија и Ирска.

Pagid има околу 3.500 артикли во палетата кои опфаќаат плочки за сопирачки, дискови за сопирање, барабани и аксесоари.
Pagid ги покрива сопирачките кај мали градски возила, големи седани, комерцијални возила, а застапен е и во спортски возила.