На нашиот сервисен пазар, бизнисот со авто стакла, се чини дека сеуште не е препознаен како бизнис кој може да им донесе на сервисерите одлична можност за заработка и профит.
Според информациите, слична е ситуацијата и во други европски земји, каде сервисите го запоставуваат овој мултимилионски бизнис и го препуштаат на други сервисери или сервисни ланци.
Причините за ова, се различни – како на пример недостаток на рутина во работата, страв од скапи грешки, сериозни инвестиции во опрема, алат и софтвер, се поголемата комплексност на технологијата со сензори, неизвесните исходи од наплатата на полиси од осигурителните компании.
Од тие причини, во Германија, неколку индустриски лидери : Würth, Saint-Gobain Sekurit Service, Hunter Germany, и Sika Germany, решија да ги здружат силите, знаењето и вештините и да направат посебен тренинг кој ќе биде TÜV – сертифициран.
Новиот тренинг треба да го носи називот – “Specialist in Automotive Glazing and Sensor Technology” или во превод, Специјалист за Авто Стакла и технологија на сензори, ќе се работи во мали групи од 6 до 10 кандидати и ќе чини 1,400 евра.
Семинарот ќе трае по 2 дена, и на него ќе се изучува целиот ток на сервисната активност – од прием на клиентите, преку работа на авто стаклата, до калибрирање на ADAS системите.

Целта ни е да створиме специјалисти во бизнисот со авто стакла и сензори. – изјави Бастијан Волтер, Менаџер за клучни клиенти во Вурт.