Саемот Autopromotec, во Болоња, Италија, со сечење на црвената лента, свечено ги отвори своите врати за голем број посетители.
Настанот слави и значаен јубилеј, 30то, биенално издание на кое изложуваат производителите на автомобилска опрема и афтермаркет производи.

Заинтересираните посетители ги пречекаа лидерите во браншата со подготвени штандови на кои ги презентираа своите најнови производи и технолошки достигнувања, а уште на првиот ден беа организирани и повеќе презентации и панел дискусии.