UFI и SOFIMA во својот каталог на делови од афтермаркет, воведоа и кабински филтри за Tesla Model Y.
Притоа се создадени два филтри – HEPA (High Efficiency Particulate Air Filter) филтер со висока ефикасност за задржување на било какви тврди честички, како и биоконтаминанти како што се – вируси, бактерии и спори, додека филтерот со активен јаглерод (карбон) спречува во кабината да влезат гасни молекули и непријатни миризби.
UFI HEPA филтрите за Tesla Model Y, се произведуваат во фабриката во Острава, Чешка.

Овие филтри овозможуваат филтрација и задржување на 99.975% од честичките помали од 0.3 μm, што е 1,000 пати помало во дијаметар од влакното коса.