VARTA Automotive објави дека воведува нови бои на своите амбалажи со кои би требало да го олесни изборот на своите клиенти – дистрибутери, дилери, сервисери…
Според компанијата, се воведуваат нови налепници со бои, кои се различни за различен тип на возила и потреби од акумулаторите.
- Сина боја (ќе имаат акумулаторите SLI (Starting Lighting Ignition) – наменети за конвенционални возила
- Сребрена боја (ќе имаат акумулаторите EFB (Enhanced Flooded Battery) – ги подбрува перформансите кај возила со високи енергетски потреби.
- Златна боја ќе имаат акумулаторите од серијата AGM (Absorbent Glass Mat) – кои ќе бидат наменети за возила со Start-Stop системи, високо опремени комерцијални возила и xEVs.
- Портокалова боја – ќе имаат Литиум јонските акумулатори (батерии), како што се апликациите во подвижни куќи (треилери), марина итн
Целта на оваа иновација е сите клиенти, пред се професионалците, кои на своите клиенти им ги нудат акумулаторите на VARTA да може многу полесно и побрзо да го изберат соодветниот акумулатор за специфичната намена.




















