На Саемот за опрема во Париз, Еquip Auto, германскиот производител на опрема за сервисирање MAHA, ја доби наградата за најдобра гаражна (сервисна) опрема.
Од меѓународното жири, MAHA ја доби наградата за иновативниот автономен систем за инспекција на возила – MAHA Autonomous Inspection Assistant (MAIA).

Иновативниот робот на Маха, ги комбинира автономната технологија со напредната дијагностика.
Роботот ги лоцира и идентификува автономно возилата кои ќе се постават на клупата за тестирање, и може да спроведе повеќе активности како што се – подесување на светлата, подесување геометрија на тркалата (центрирање), калибрирање на системите за асистенција на возачот (ADAS)…