Независните сервисери сега може да купуваат сензори за предната камера од системот за напредна безбедност и од независен производител (aftermarket).
Се работи за ZF, кој нуди сензори за возилата на Stellantis групацијата и Nissan, и кои се алтернатива на оригиналните делови.
Ова е огромно олеснување за независните сервисери, бидејќи системите за асистенција на возачот како што се emergency braking assist (асистент за сопирање во услови на опасност), lane departure warning (предупредување за излегување од коловозната лента), speed assist (асистент за брзината) од Јули, 2024 година, во автомобилите во ЕУ – станаа задолжителни.
Сите овие системи ги користат податоците кои ги прибираат сензорите на предната камера.
Затоа, ZF нуди заменски предни камери кои ги именуваше како Smart Camera, која како резултат на комплексни хардверски и софтверски алатки, одговараат на камерите понудени и монтирани од страна на производителите на возила.
Во старт ќе бидат понудени 10 верзии на камерите, кои одговараат на околу 50 модели, пред се од марките Citroën, DS, Peugeot, Opel и Nissan.
Оваа палета ќе се шири, а клиентите може да очекуваат и специјална опрема од ZF како што се ZF Multiscan дијагностички софтвер, специјални табли за калибрација на сензорите, и секако, тренинзи за користење на овие алатки.
Во ZF информираат дека нивната компанија е најголемиот производител на вакви камери и дека на повеќе производители на возила, годишно им се испорачуваат околу 10 милиони предни камери.





















