На два дена пред официјалната четврта LIQUI MOLY Партнерска Средба во Македонија, тимот на Maтадор 2002, овластен дилер на производите од германскиот бренд за територијата на градот Прилеп, организираше специјална тренинг презентација за своите партнери.

На тренингот, кој се одржа во салата за состаноци на хотелот Кристал Палас на 9ти февруари, присуствуваа околу 40 истакнати сервисери, соработници и клиенти на Матадор.
Присутните со задоволство ја проследија презентацијата и краткиот тренинг на тема – адитиви, нови производи и машини и опрема, која ја водеше г-дин Дитмар Шмит, истакнат техничар со долгогодишно искуство во работата во LIQUI MOLY.

По кратката презентација, на сопственикот и директор на Матадор, Игор Стеванов, од страна на експорт менаџерот на LIQUI MOLY за земјите од поранешна Југославија и Албанија, му беше врачена и специјална Благодарница за врвни резултати во 2025 година.
Матадор 2002, уште еднаш, четврта година по ред беше прогласен за Најуспешен Партнер на LIQUI MOLY во Македонија.

По настанот, за присутните гости и клиенти, беше организиран и свечен коктел и беа доделени мал пакет на производи како подарок од палетата на LIQUI MOLY.
На настанот присуствуваше и сопственикот на фирмата Униројал од Прилеп, Миле Николоски, заедно со целиот свој тим на соработници кои се исто така, дел од дилерско сервисната мрежа на LIQUI MOLY во градот и кои за 2025 година ја добија титулата Најуспешен LIQUI MOLY Сервис во Македонија.

Сите присутни јавно го искажуваа задоволството од организираниот настан и не ја криеја желбата оваа средба да се претвори во традиција.
Убавата средба, во Балкански дух заврши во ексклузивен ресторан во центарот на градот, каде гостите од Германија и Скопје, можеа да уживаат во кулинарско ремек дело, одлично вино и незаборавна дружба со членовите на тимот LIQUI MOLY од Прилеп.






















