LIQUI MOLY Македонија уште еднаш ја повторува својата кампања – ГРАТИС адитив (за чистење на дизните и инјекторите, за бензински и дизел мотори) со секоја купена канта од 5 литри синтетичко моторно масло (5W-30, 5W-40, 0W-30…)
Кампањата можете да ја добете во продажната мрежа на LIQUI MOLY Mакедонија.
Прегледајте во видеото какви опции и информации ви нуди најдобрата база на технички податоци за сервисери во светот – AUTODATA, и проценете колку време и ресурси ќе ви заштеди користењето на оваа програма.
ШАМПИОНСКА ПОНУДА ОД BOSCH! Имате уште само 20 дена до крајот на – Акцијата што ја чекаавте! Набавете го дијагностичкиот уред KTS 560 – со обезбеден 3 годишен софтверски пакет – Esi Tronic Advance, за неповторлива цена од само 2.800 евра + ддв! 3 години – спокојни, обезбедени, со најнови и најсвежи информации на вашиот лап топ!
Апдејтите стигнуваат секојдневно, онлајн. (Веќе нема потреба од комплицирани инсталирања на цд-ња кои ќе го оптоварат вашиот хард диск). Цената на пакетот се однесува само за порачки направени од 01.02 – 31.03.2023 година!
Побрзајте – бројот на уреди во промотивните пакети е ограничен!
Тел. 071 30 777 8
P.S. Уредот KTS 590, со вграден осцилоскоп и 3 годишен софтверски пакет Master – e Ваш за само – 3.800 eвра + ддв! Опремете се – со најдобрата дијагностичка опрема на светот!
Германскиот производител LIQUI MOLY во 2022 година испорача продажба од 800 милиони евра со што забележа пораст од околу 10% во споредба со претходната година.
Производителот на моторни масла и адитиви од Улм ги оствари своите годишни цели и останува на стабилен курс на порастот. Компанијата успеа да го искомпензира губењето на Рускиот пазар и генерално тешката состојба на глобалниот пазар преку својата стратегија и брзи активности.
Генералниот директор Гунтер Хаиермаер е многу задоволен : “Остварувањето на такви резултати во продажбата во овие времиња е доказ дека нашиот тимски дух е на вистинска патека а нашите производи се во огромна побарувачка во целиот свет.”
Целта која Германскиот производител ја имаше зацртано за 2022 година беше € 800 милиони. Оваа цел беше поставена и пред Ковид пандемијата, конфликтот во Украина и глобалната енергетска криза. Неколку години и неколку кризи подоцна, книгите бележат продажба од € 799,746,000. “Ако се заокружи комерцијално, 99,97 проценти е исто како да сте направиле 100 проценти. Ако ги земеме предвид предизвиците со кои се соочивме, несериозно е да се фаќаме за ова мало отстапување,” вели Гунтер Хиермаер.
Гунтер Хаиермаер, генерален директор на LIQUI MOLY
Проблемите кои компанијата од Улм мораше да ги преброди беа големи, како што беа и за многу други компании. Пандемијата и карантините со сите свои реперкусии сеуште не беа завршени а вече почнаа новите кризи. Ова силно ја погоди компанијата “Русија беше нашиот втор најголем пазар. Свесно и доброволно ги запревме своите операции таму. Да се влошат повеќе работите, Кина остана во постојан карантин, па и овој пазар потфрли. Моравме да бараме промет на други места ,” вели Генералниот директор.
“Имавме масивен пораст во речиси сите експортни пазари. Во некои случаи успеавме и да ја удвоиме продажбата. Ова пред се ги вклучува Блискиот исток, Азија, регионите на Централна и Јужна Америка. Европскиот пазар исто така расте, а најголем пораст бележиме во Франција. Дополнително, САД расте и станува Бр. 2 продажен пазар по Германија, со пораст од повеќе од 30%,” вели шефот на LIQUI MOLY. Во целлина, сите овие пазари се сеуште во развој. Компанијата од Улм се фокусира на интернационализација на својата стратегија па затоа ќе продолжиме да го зајакнуваме извозот. Ова ќе се постигне со дополнителни продажни претставници, маркетинг мерки и нови компании ќерки. “Во Германија постигнавме ораст од 15 проценти во 2022. Тоа значи дека нашата домашна земја сеуште е најголемиот пазар. Сепак, гледаме голем потенцијал за брендот LIQUI MOLY в целиот свет. Со нашите тимови на терен, многу сме поефикасни,” Уверен е Гунтер Хиермаиер.
Сепак, не расте само продажбата на масла, туку и производството на адитиви во Улм. И овде беше постигнат нов рекорд со околу 18 милиони канчиња. Дополнително, бројката на вработени се зголеми за 76 до бројка од 1046. Компанијата планира понатамошен раст во следните години и ќе инвестира неколку милиони евра во експанзија и модернизација на производството во следните години. Дополнителни линии за полнење се планираат да почнат да работат во вториот квартал. “Очекуваме слични стапки на раст и во следните години. За да го постигнеме тоа, мора да обезбедиме соодветна рамка. Особено сум задоволен кога успеваме да создадеме нови работни места преку нашиот раст. LIQUI MOLY е и останува социјално активна компанија,” уверува Гунтер Хиермаер. Корпоративната одговорност може да се види не само во инфлаторните компензации кои им ги исплативме на нашите вработени. Компанијата исто така предводи во бројот на вонредни исплати во 2022.
Шефот на LIQUI MOLY исто така донесе и засилување во менаџмент бордот за понатамошната траекторија на развој. Др. Ули Велер, кој долго време беше Комерцијален директор, од јануари стана и заеднички директор. “Структура, безбедност и континуитет се во фокусот на растечката компанија. Заедно можеме да постигнеме повеќе. Во исто време, се обезбедуваме дека компанијата останува на својата патека ако еден од нас неочекувано ја напушти позицијата ,” вели ново назначениот Генерален директор Др. Ули Велер.
Визијата на компанијата е амбициозна. Цели кон 1 милијард во продажбата во 2025 година и понатамошно зајакнување на извозните пазари, кои сега опфаќаат околу две третини од продажбата, поради што компанијата исто така го зајакна извозниот оддел со додатен персонал и структури, “2035 е магична дата за нас ,” вели Гунтер Хиермаер. Оваа година од ЕУ е означена во 2022 година како година во која ќе запре производството на мотори со внатрешно согорување. “Подготвени сме и настојуваме да оствариме годишен таргет од две милијарди евра до тогаш. Додаваме нови производи за електричните возила и алтернативни погони на пазарот и напредуваме во пазарите и сегментите каде моторното масло сеуште ќе биде круцијално за мобилитет и економиите и по 2035. Постои неограничен потенцијал и го експлоатираме истиот,” објаснуваат двајцата генерални директори.
Округот Де Калб, од Соединетите Американски Држави, го потресе бизарна вест.
Според официјалниот полициски извештај, 30 годишен маж, смртно застрелал 24 годишен автомеханичар во сервисниот ланец – Tires Plus.
Убиецот бил приведен без било каков отпор, а како причина за делото, на полициските службеници им изјавил дека употребил огнено оружје бидејќи помислил дека некој се обидува да му го украде автомобилот.
Првичните наводи укажуваат на тоа дека застреланиот автомеханичар, само се обидувал да го препаркира автомобилот од сервисот – до блискиот паркинг, пред истиот да биде подигнат од страна на клиентот.
Убиецот е предаден на надлежните власти и ќе биде во притвор до конечната пресуда.
Motorsystem Reiniger Diesel (Diesel Engine System Cleaner) e најновиот адитив на LIQUI MOLY за чистење на дизните (бризгалките) кај сите видови на дизел возила.
Може да се употребува кај возила со common-rail технологија, пумп џет систем со и без DPF.
Адитивот ги чисти нечистотиите и гарежот од бризгалките и пумпите под висок притисок, со што се враќа рамномерното распрснување на горивото, поефикасно согорување и поголема моќност на моторот.
Дополнително, преку својствата на подмачкување и спречување на корозија со редовно користење на адитивот го штитите скапиот систем на вбризгување од скапи дефекти и поправки.
Oвој адитив, се употребува многу едноставно. Содржината на пакувањето, преку пластичната инка која ја навртувате на отворот, директно ја додавате на резервоарот на гориво.
Притоа, едно пакување е доволно за 75 литри дизел гориво.
Oвластен увозник и дистрибутер на LIQUI MOLY во нашата земја е LIQUI MOLY Mакедонија.
Новиот апарат за програмирање на сензорите за мониторинг (контрола) на притисокот во гумите (TPMS) пристигна во овластениот “Astra MS – Bosch car service” во Скопје!
Уредот TPA 300 е специјално развиен за универзалните сензори за контрола на притисокот во гумите (TPMS). Уредот покрива и може да се користи на околу 95% од возилата на пазарот. Со него може да се програмираат преку 20 различни брендови на универзални сензори.
Преку wireless транмисија, TPMS податоците се прикажуваат директно на сопствениот екран од 2,8 инчи. Работата е лесна и едноставна а програмирањето на сензорите брзо и прецизно.
Редовно се врши апдејт на софтверот и функциите, возилата и покривањето на сензорите што гарантира дека вашиот сервисот секогаш ќе биде во тек со новините и ќе обезбедува точна услуга за клиентите.
Повеќе информации за уредот TPA 300 можете да најдете на следниот линк.
Дијагностичките уреди на BOSCH, неизоставен дел од опремата на секој сериозен мулти бренд сервис во Европа и светот, се враќаат на пазарот во Македонија.
GBB Group, новиот овластен увозник и дистрибутер на сервисната опрема на BOSCH во Македонија, во првата година од своето работење, превзема повеќе пионерски чекори со кои во сервисната фела, ги враќа на сцена дијагностичките уреди на овој премиум Германски бренд.
Официјални BOSCH Тренинзи во Скопје
Во Октомври, оваа година, се одржа првата oфицијална BOSCH обука во Скопје, во тренинг центарот на првиот Bosch Car Service – Astra MS во населбата Бутел, на која во два тренинг дена сертифицираниот европски тренер на пријавените кандидати им ги презентираше сите компаративни предности на уредите KTS и пред се’ на софтверскиот пакет ESi Tronic.
Присутните имаа можност да видат само мал (а толку голем) дел од можностите на дијагностиката на BOSCH.
Покрај стандардните активности на скенирање, барање и отстранување на грешки, беа презентирани и повеќето опции кои ги нуди софтверскиот пакет Esi Tronic (комплетно онлајн решение) – од богатата база на технички податоци за речиси сите возила на пазарот, сервисните интервали, до техничките булетини на производителите на возила, електричните шеми и дијаграми, постапките – чекор по чекор за решавање на проблемите…што дијагностиката на BOSCH ја прави идеален водич кој ќе ви помогне во сервисот да направите прецизна дијагностика, да ги решите проблемите “од прва” со што ќе заштедите многу време, енергија и нерви.
По завршување на обуката сите кандидати добија меѓународно признат сертификат за учество на BOSCH обука (уште една предност на одржаниот настан – како за сервисите кои номинираа кандидати, така и за збогатување на CV-то на дијагностичарите).
Обуката заврши одлично со најава за многу следни тренинзи и курсеви од овој тип во следната 2023 година.
Први испораки на KTS
Веднаш по обуката, се случија и првите порачки и испораки на дијагностичките уреди на BOSCH.
Прв во низата беше – Дизел Сервис Мичо, познат сервисер на дизни и горивни системи во Скопје, кој го порача уредот KTS 590 (дијагностички уред со манометар и осцилоскоп) заедно со софтверскиот онлајна пакет Esi Tronic 2.0 Advance + M.
Презентација на уредот DAS 3000
Водени од позитивната енергија на првиот тренинг во Скопје, партнерите од BOSCH заедно со локалните дистрибутери GBB Group, поканија дел од македонските сервисери на презентација на најновиот уред за калибрирање на напредните системи за безбедност и предната камера – DAS3000 во соседна Бугарија.
Презентацијата се одржа на 04.11.2022 година во тренинг центарот на BOSCH во Софија, каде нашите претставници, можеа одблизу да се запознаат со предностите на уредот, неговите спецификации, како и самите да учествуваат во практичната работа на калибрирање на сензорите, камерата и радарот.
Испораките продолжуваат
Покрај порачките за дијагностичките уреди, македонските сервиси ги процесираа своите први порачки на опрема BOSCH, па при крајот на декември со новиот уред за програмирање на сензори за мониторинг (контрола) на притисокот во гумите се поднови и ASTRA MS – Bosch car service.
Порачани се и други парчиња на сервисна опрема кои заради кризата со чипови во светски рамки се оддолжи за неколку недели и ќе настапи во почетокот на следната година.
Приказната на BOSCH продолжува и во следната година.
Се работи на подготовка на термини, обезбедување на неопходната опрема и координација со европските тренери за организирање на нови тренинзи во Скопје, со што се настојува да се затвори овој долгогодишен гап во индустријата – недостатокот на професионални тренинзи, поради што сериозните сервисери беа принудени на обуки да одат во странство и да издвојуваат многу посериозни суми и да дисперзираат многу повеќе време и енергија патувајќи во други земји.
GBB и понатаму ветува сериозна работа и инвестирање во техника, знаење, промоции со кои ќе им ја направи врвната опрема на BOSCH подостапна на нашите клиенти, а ќе биде и сериозен лост за промоција и развој на Bosch Car Service мрежата во Македонија.
GBB Group ќе биде сериозно активна да им асистира на сите сервисни партнери во државата да го подигнат квалитетот и успешноста на својата работа од технички, know how и маркетиншки аспект.
За повеќе информации и контакти во GBB посетете ја веб страната на следниот линк.
Новите возила стануваат се’ посложени и пософистицирани. Се вградуваат нови електронски системи за комфор, активна и пасивна безбедност на возилата, што ја зголемува безбедноста на патниците, но истовремено ја зголемува и сложеноста во одржувањето и сервисирањето.
Секој од овие системи бара одржување и сервисирање, а во случајот со предната камера, радар, системите за активна безбедност, системот за излегување на возилото од коловозната лента… неопходно е и калибрирање на овие системи.
А за калибрирање на софисицираните системи, потребна ви е специјална опрема.
И Германскиот лидер во оваа сфера BOSCH располага со посебен систем за калибрирање на системите за активна безбедност, а токму тој систем им беше презентиран на претставниците на неколку сервиси од Македонија, кои се заинтересирани да го стават уредот DAS 3000 во својата палета.
Презентацијата се одржа на 04.11.2022 година во тренинг центарот на BOSCH во Софија, каде нашите претставници, можеа одблизу да се запознаат со предностите на уредот, неговите спецификации, како и самите да учествуваат во практичната работа на калибрирање на сензорите, камерата и радарот.
Презентацијата се поклопува со специјалната акција на BOSCH во која клиентите со секоја набавка на уред DAS3000, добиваат и ГРАТИС дијагностички модул – BOSCH KTS560 со бесплатна едногодишна претплата на софтверскиот модул – Diagnostics, на Esi Tronic 2.0
За повеќе информации, слободно обратете се во ГББ дооел Скопје, овластен партнер на опремата BOSCH во Македонија на тел. 071 30 777 8
Во последното истражување на двете реномирани компаниии TÜV Nord и Carly, во кое биле скенирани околу 6,6 милиони автомобили во 9 држави, било утврдено...
Германската компанија Schaeffler, која во своето портфолио ги има исклучиелно популарните европски брендови INA, Luk и FAG, на Саемот во Фрнакфурт објави дека своите...
Бројот на увезени кинески автомобили на европскиот пазар континуирано расте.Како одговор на тоа и големите производитли на резервни делови, како што е Mann-Filter го...
Германската компанија, производител на врвните моторни масла и адитиви, LIQUI MOLY, објави дека започнува сериозна борба против можното фалсификување на нивните продукти.Затоа, на капачето...
Според последната анализа на Car-Garantie, просечната цена на чинење на еден сервис во Германија чини рекордни 764 евра!Слична констатација имаше и Германската Асоцијација за Осигурувањето,...